ПРАТЕНИКОТ СПАСЕНОВСКИ, 3.11.2010...



Среда, 3 ноември 2010 година

ПРАТЕНИКОТ СПАСЕНОВСКИ ИСПРАТИ ПИСМО ДО ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО

Во пресрет на објавувањето на Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2010 година од страна на Европската комисија, шефот на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската унија (МПК - РМ и ЕУ), г. Александар Спасеновски, испрати писмо до европратениците членови на Делегацијата во МПК - РМ и ЕУ кои ги следат состојбите во Република Македонија

Прочитај повеќе

Форумот на парламентарци од Централна Азија, 3.11.2010...



Среда, 3 ноември 2010 година

Учество на Форумот на парламентарци од Централна Азија за родови и ICPD прашања

Пратеничката Славица Грковска учествуваше на Форумот на парламентарци од Централна Азија за родови и ICPD прашања, кој се одржа од 27 до 29 октомври 2010 година во Алмати, Казахстан, во организација на Азискиот форум на парламентарци за население и развој (AFPPD).

Прочитај повеќе

Надзорна расправа на тема „Имплементација на законската рег...



Вторник, 2 ноември 2010 година

Надзорна расправа на тема „Имплементација на законската регулатива од областа на правата на детето и Конвенцијата на правата на детето“

Целта на оваа надзорна расправа е надзор на имплементацијата на законската регулатива во насока на правата на детето, а од областа на здравството, образованието, трудот и социјалната политика и правда и надзор на имплементацијата на Конвенцијата на правата на детето.

Прочитај повеќе

Вељаноски и собраниската делегација остварија средба со сво...



Вторник, 2 ноември 2010 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски и собраниска делегација остварија прва средба со своите канадски колеги

На средбата, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, посочи дека без оглед што Република Македонија е мала држава, нејзината местоположба, заедно со мерките кои Владата ги има преземено, ја прават особено атрактивна за инвестирање. Претседателот ги запозна своите колеги дека државните институции се насочени кон создавање на поволна деловна клима, поттикнување на конкурентноста, на меѓународно-трговската соработка и инвестициона промоција.

Прочитај повеќе

45 седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водос...



Среда, 3 ноември 2010 година

Четириесет и петта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 45. седница, како матично работно тело во второ читање го разгледа Предлогот на закон за безбедност на храна

Прочитај повеќе

83 седница на Комисијата за финансирање и буџет 2.11.10...



Вторник, 2 ноември 2010 година

Осумдесет и трета седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Осумдесет и трета седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација (по скратена постапка)

Прочитај повеќе

Вељаноски во официјална посета на Канада...



Понеделник, 1 ноември 2010 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во официјална посета на Канада

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, од денеска е во официјална посета на Канада, на покана на канадскиот колега, претседателот на Претставничкиот дом на парламентот на Канада, г. Питер Миликен.

Претседателот Вељаноски го придружува собраниска делегација, во состав: г. Андреј Петров, претседател на парламентарната група за соработка на Собранието на Република Македонија со Парламентот на Канада и членовите на групата: г. Александар Николоски и г. Сафет Незири.

За време на првата официјалната постета на Канада, во Отава, претседателот, покрај со домаќинот претседател на Претставничкиот дом на парламентот на Канада, г. Питер Миликен, ќе оствари средби и со претседателот на Сенатот на Канада, г. Ноел Кинсела, со министерот за надворешна трговија, г. Питер ван Лоун, со пратеници од Претставнчкиот дом, со претседатели и членови на повеќе комисии на Парламентот на Канада, како и со Канадско-европската асоцијација за ОБСЕ и канадската група за Интерпарламентарната унија. Претседателот Вељаноски и собраниската делегација добија покана да присуствуваат на седница на Претставничкиот дом и на седница на Сенатот на Канада.

Во рамките на посетата на Канада, претседателот на Собранието во Торонто ќе ги посети најголемите црковни општини, каде ќе се сретне со заедницата на македонските иселеници во Канада, а ќе оствари средби и со претседателот на Собранието на покраината Онтарио, г. Стив Питерс, и со други значајни претставници на покраината и градовите во кои живее голем број македонско население.

 

Прочитај повеќе

Средба на Клубот на пратенички со европратеничка од Словачк...



Понеделник, 1 ноември 2010 година

Средба на Клубот на пратенички со европратеничка од Словачка

Клубот на жени пратенички во Собранието на Република Македонија оствари работна средба со г-ѓа Ана Заброска, пратеник во Европскиот парламент од Словачка и член на Комисијата за правата на жените и половата еднаквост во Европскиот парламент.

Прочитај повеќе

Посета на Државниот завод за статистика, 29.10.2010...



Петок, 29 октомври 2010 година

Посета на Државниот завод за статистика

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија на 27.10.2010 (среда) го посети Државниот завод за статистика

Прочитај повеќе

Проактивна политика со цел побрзо интегрирање на регионот в...



Четврток, 21 октомври 2010 година

Проактивна политика со цел побрзо интегрирање на регионот во евроатлантските структури

„Цврсто веруваме дека сите ние, земјите од Балканот, имаме капацитет да изградиме нов Балкан, ослободен од остатоците на минатото. Имаме иста цел, исти интереси, заедничка иднина. Потребни се натамошни напори постигнатиот прогрес да стане сигурен и неповратен. Нашата политика мора да биде проактивна со што побрзо интегрирање на регионот во евроатлантските структури“, посочи г. Талат Џафери, шеф на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, на  третиот ден од Седумдесет и петтиот РОС-РОТ семинар, на тема: „Косово по советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата (ICJ): што потоа?“.

Прочитај повеќе

НАТО има отворени врати за членство на сите балкански земји...



Среда, 20 октомври 2010 година

НАТО со отворени врати за членство на сите балкански земји

На вториот ден од Седумдесет и петтиот РОС-РОТ семинар на тема „Југоисточна Европа: создавање на нов моментум“, кој се одржува во заедничка организација на Собранието на Република Македонија и Парламентарното собрание на НАТО, беше истакнато дека НАТО, како организација ориентирана кон безбедноста, има отворени врати за членство на сите балкански земји.

Прочитај повеќе

Југоисточна Европа: Креирање на нов моментум, 19.10.2010...



Вторник, 19 октомври 2010 година

Југоисточна Европа: Креирање на нов моментум

На отворањето на семинарот поздравно обраќање имаа претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, Н. Е. г-ѓа Никол Вирш, амбасадор на Швајцарската Конфедерација во Република Македонија, потоа г. Џејмс Пердју, поранешен помошник на генералниот секретар на НАТО и поранешен американски амбасадор во Република Бугарија и парламентарецот г. Марк Ангел, известител на Поткомисијата за демократско владеење и заменик-шеф на делегацијата на Луксемебург во ПС на НАТО

Прочитај повеќе

Дводневен самит на ЕУ во Брисел 28.10.10...



Четврток, 28 октомври 2010 година

Дводневен самит на ЕУ во Брисел

Лидерите на Европската унија, денеска и утре во Брисел, ќе одржат самит, на кој главен акцент ќе се стави на засилувањето на економската контрола во државите-членки на ЕУ, како би се избегнале нови економски кризи во иднина.

За таа цел, посебна комисија, со која претседава претседателот на Европскиот совет, г. Херман Ван Ромпуј, предложи мерки за засилување на финансиската дисциплина, кои ќе бидат разгледани од шефовите на држави и влади на Унијата.

На дводневниот самит, ќе стане збор и за евентуалните промени кај Лисабонскиот договор, за заедничката европска позиција во пресрет на средбата на Г-20 во Сеул и на Конференцијата на ОН за животна средина во Канкун, како и за претстојните средби на високо ниво со стратешките партнери на ЕУ - САД и Русија.

Прочитај повеќе

Комитетот за односи меѓу заедниците, 27.10.2010...



Среда, 27 октомври 2010 година

Членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците имаа средба со претставници на германската непрофитна организација Кристијан Шварц-Шилинг

На 26 октомври 2010 година, на барање на претставници на германската непрофитна организација Кристијан Шварц-Шилинг, ЦССП проект за Македонија, во зградата на Собранието на Република Македонија, се одржа средба со членовите на комитетот на тема работата на Комитетот за односи меѓу заедниците и неговата улога во остварување на правата на заедниците во Република Македонија

Прочитај повеќе

Ефикасно спроведување на реформскиот процес, 26.10.2010...



Вторник, 26 октомври 2010 година, Брисел

Ефикасно спроведување на реформскиот процес

Република Македонија е фокусирана на двете, за нас, главни цели: ефикасно спроведување на реформскиот процес и максимизирање на напорите за разрешување на спорот во однос на името на државата којшто беше наметнат од нашиот јужен сосед, Република Грција

Прочитај повеќе
1...567...24                         
Click