34 седница на Комисијата за економски прашања 21.01.10...



Четврток, 21 јануари 2009 година

Триесет и четврта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Триесет и четвртата седница, одржана на 20 јануари 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност, прво читање

Прочитај повеќе

40 седница на Комисијата за европски прашања 2.01.10...



Четврток, 21 јануари 2010 година

Четириесетта седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на Четириесеттата седница, одржана на 20 јануари 2010 година, во прво читање ги разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва и Предлог-законот за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муницијата

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски во Краков на одбележува...



Вторник, 26 јануари 2010 година

Обраќање на претседателот Вељаноски во Краков на одбележувањето на 65-годишнината од ослободувањето на Аушвиц

Верувам дека секој од нас денес, овде, кога ја одбележуваме 65-годишнината од ослободувањето на Аушвиц-Биркенау, немиот сведок на холокаустот, се прашува зошто се случи тоа. Зошто над 6 милиони мажи, жени, деца, старци, беа најбрутално ликвидирани само затоа што беа Евреи. А Бог, кој е еден и без разлика на која религија ѝ припаѓаме, нè учи дека сите сме божји деца и сите сме исти. Ова прашање не треба и не може да се ограничи како лично прашање, тоа е наше заедничко прашање, наша заедничка обврска да не дозволиме да се заборави или избрише историското паметење за холокаустот. Уште поважно е да не дозволиме да се создадат какви било услови за повторување на стравот и ужасот кои ги носеше холокаустот, без разлика кон кого е насочен, бидејќи тоа е најголемото зло во историјата на човештвото.

Прочитај повеќе

ЕУ ја прогласи 2010-та за година на борба против сиромаштиј...



Четврток, 21 јануари 2010 година

ЕУ ја прогласи 2010-та за година на борба против сиромаштијата и социјалната нееднаквост

На официјална церемонија во Мадрид, денеска Европската комисија и шпанското претседателство со Европската унија, ќе ја прогласат 2010-та за година на борба против сиромаштијата и социјалната нееднаквост, под мотото „Да ја спречиме сиромаштијата сега!“

Прочитај повеќе

Европски народен правобранител 2014 21,01,10...



Четврток, 21 јануари 2010 година

Никифорос Дијамандурос - европски народен правобранител до 2014 година

Европскиот парламент го реизбра г. Никифорос Дијамандурос од Грција за европски народен правобранител до 2014 година. Реизбраниот народен правобранител, кој е на оваа позиција од 2003 година, ја доби поддршката на 340 европратеници за време на вчерашното тајно гласање во Стразбур. Други двајца кандидати за оваа функција беа г. Пјер Ив Моне од Белгија, кој доби 289 гласа и г. Виторио Ботоли од Италија, за кого гласаа 19 европратеници

Прочитај повеќе

48 седница на Комисијата за финансирање и буџет 21,01,10...



Четврток, 21 јануари 2010 година

Четириесет и осма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Четириесет и осмата седница,  одржана на 14 јануари 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за делумно финансирање на Проектот за реконструкција и доградба на јавните здравствени установи – прва фаза (прво читање).

Прочитај повеќе

Изјава за медиуми по средбата на ПСРМ со амбасадорот на Пол...



Понеделник, 25 јануари 2010 година

Изјава за медиуми по средбата на претседателот на Собранието г.Трајко Вељаноски со амбасадорот на Република Полска г. Карол Бахура и претседателот на еврејската заедница во Република Македонија г-ѓа Бјанка Суботиќ

Денешната средба со Неговата Екселенција амбасадорот на Република Полска и наш пријатетел, господин Карол Бахура и со претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, госпоѓа Бјанка Суботиќ, беше по повод претстојното одбележување на 65-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор Аушвиц, со што на своевиден начин се одбележува и крајот на холокаустот. По тој повод, во Краков на 26 и 27 овој месец, ќе се одржи меѓународна конференција посветена на холокаустот, но и конференција на промоција на толеранцијата и дијалогот, како вредности со кои се гради мирот.

Конференцијата е во организација на Европските пријатели на Израел, а учесници ќе бидат повеќе претседатели на европските парламенти и парламентарци, потоа највисоки претставници на Израел и други. Сакам да истакнам дека со големо задоволство ја примив поканата како претседател на Собранието на Република Македонија да учествувам на овој, за мене, многу значаен собир, бидејќи негова основна цел е да не дозволиме да се создадат услови повторно да се повтори холокаустот и уште еднаш да се афирмираат толеранцијата, дијалогот, почитувањето на човековите права, како вредности врз кои треба да ја градиме иднината на светот.

Моето учество го сметам и како признавање за Република Македонија, во која сите заедно градиме општество во кое почитувањето на човековите права, толеранцијата кон другиот, различниот, се вредности кои не само во законска рамка, туку секојдневно се потврдуваат и надградуваат. Во исто време, ова е повод уште еднаш со пиетет да се потсетиме на околу 7200 наши сограѓани Евреи кои во 1943 година беа депортирани од Македонија и трагично беа ликвидирани во логорот на смртта Треблинка.

Прочитај повеќе

27 седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија...



Среда, 13 јануари 2010 година

Дваесет и седма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Дваесет и седмата седница, одржана на 11 јануари 2010 година, како матично работно тело го претресе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешна пловидба (прво читање)

Прочитај повеќе

Средба на ПСРМ со Лорд Фолкс и Марк Версалион...



Петок, 22 јануари 2010 година

Претседателот на Собранието г. Трајко Вељаноски ги прими лорд Џорџ Фолкс од Домот на Лордовите во Британскиот парламент и г. Марк Версалион од Конзервативна партија

Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, денеска, во рамките на активностите за реализација на заедничкиот проект на Собранието на Република  Македонија и Вестминстерската фондација за демократија, оствари срдечна средба со лорд Џорџ Фолкс од Лабуристичката партија во Домот на лордовите во Британскиот парламент и со г. Марк Версалион, претседавач на Форумот за надворешни работи на Конзервативната партија. На средбата се разменија мислења за текот на реализацијата на заедничкиот проект меѓу Собранието и Вестминстерската фондација за демократија за зајакнување на вкупните парламентарни капацитети на Собранието на Република Македонија и насоките за реализација на заедничките активности за наредниот едногодишен период. Од двете страни беше изразено задоволството од досегашниот тек на реализација на проектот.

Прочитај повеќе

Средба на ПСРМ со МНР на Република Австрија Михаел Шпинделе...



Петок, 22 јануари 2010 година

Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски со министерот за европски и меѓународни работи на Република Австрија Михаел Шпинделегер

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски оствари средба со сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија Михаел Шпинделегер. На средбата претседателот Вељаноски изрази задоволство од посетата на австрискиот министер, ја нагласи поддршката од Република Австрија за нашите евроатлантски интеграции и ја потенцираше подготвеноста на Република Македонија да продолжи со реформите кои се на агендата на ЕУ, како и продолжување на преговорите со Република Грција околу изнаоѓање на решение кое ќе биде прифатено и од двете страни

Прочитај повеќе

Основан Собраниски Управен одбор за права на детето 20.01.1...



Среда, 20 јануари 2010 година

Основан Собраниски управен одбор за правата на детето

Денеска, врз основа на Меморандумот за соработка кој се потпиша, по повод 20-годишнината од Конвенцијата за правата на децата меѓу Собранието на Република Македонија и Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), на 20 ноември 2009 година, Собранието на Република Македонија основа Собраниски управен одбор за правата на детето.

Со одборот претседава претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски, а во него учествуваат претставници од УНИЦЕФ, од Канцеларијата на народниот правобранител, од министерствата, од невладините организации и од медиумите.

На средбата се разговараше за начинот на идното работење и програма за работа на ова ново основано тело.

 

Прочитај повеќе

33 седница на Комисијата за економски прашања 18.01.10...



Понеделник, 18 јануари 2010 година

Триесет и трета седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Триесет и третата седница, одржана на 14 јануари 2010 година, како матично работно тело ги разгледа Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва (прво читање) и Предлогот на закон за изменување на Законот за концесии и други видови на јавно приватно партнерство, по скратена постапка.

Образложение на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот  за трговски друштва, даде претставникот на предлагачот, министерот за економија, д-р Фатмир Бесими.

Тој истакна дека основната цел на изменување и дополнување на овој Предлог-закон е усогласување на правото на трговските друштва со ЕУ, преку целосно усогласување на директивата за остварување на правата на акционерските друштва чиишто акции котираат на берзата на хартии од вредност.

Воедно, министерот за економија истакна дека Република Македонија и понатаму е  еден од лидерите во регионот во однос на степенот на усогласување со правото на трговските друштва со ЕУ. Во насока на заокружување на овој процес преостануваат уште неколку клучни акти на ЕУ кои што Република Македонија треба да ги донесе во текот на оваа година и коишто ќе започнат со примена со полноправното членство во ЕУ. Тоа се директивата за прекуграничното спојување на компаниите, регулативата за европските економски интересни групи и регулативата за статус во европското друштво.

Целите на овој Предлог-закон се зголемување на транспарентноста во работењето на акционерските друштва кои котираат на берзата, отстранување на пречките спрема акционерите во реализација на нивните права на собрание и зголемена контрола над управувачките структури од страна на акционерите и подобро корпоративно управување.

По завршувањето на расправата, Комисијата едногласно заклучи дека  Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Во однос на Предлогот на закон за изменување на Законот за концесии и други видови на јавно приватно партнерство, министерот за економија истакна дека станува збор за една измена на Законот и тоа во делот којшто се однесува за гаранцијата за учество во постапката и се предлага нејзиното најниско ниво наместо досегашните 3% да изнесува 0,5%, со тоа што самите институции кои што ги водат овие постапки во согласност со Законот за концесии и јавно приватно партнерство, на транспарентен начин, самите ќе одлучат за процентот на гаранцијата, којашто треба да се обезбеди. Во случајот се поместува само најниското ниво кое ќе изнесува 0,5%.

На крајот на своето излагање, г. Бесими укажа дека целта на предложениот Закон е потребата од отстранување на бариерите за учество на поголем број на заинтересирани понудувачи во постапката за концесија и јавно приватно партнерство и зголемување на конкуренцијата.

Во расправата на Комисијата учествуваа претседателот на Комисијата, г. Љубисав Иванов Ѕинго, членовите на Комисијата, г. Марјанчо Николов и г. Аднан Јашари, како и министерот за економија, д-р Фатмир Бесими.

Комисијата за економски прашања, врз основа на расправата, со мнозинство гласови заклучи дека Предлогот на закон за изменување на Законот за концесии и други видови на јавно приватно партнерство, по скратена постапка, треба да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

23 седница на Комисијата за одбрана и безбедност 14.01.10...



Четврток, 14 јануари 2010 година

Дваесет и трета седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија на Дваесет и третата седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муниција - I читање.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г.Џеват Бучи, заменик на министерот за внатрешни работи.

Тој ја образложи потребата од донесување на нов Закон за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муниција. Актуелниот закон кој ја регулира оваа материја е донесен во 1973 година и содржи елементи од претходниот општествен систем, кои се надминати и не кореспондираат со тековните општествено-политички околности.

Заменик-министерот за внатрешни работи информираше дека со овој Предлог на закон е извршено усогласување со Конвенцијата на Обединетите нации за борба против транснационалниот криминал.

Пратеникот Горан Минчев, од името на целата негова пратеничка група, го поддржа носењето на овој Предлог-закон и даде неколку забелешки. Тој истакна дека Предлог-законот е коректен и потребен, а забелешките се од технички карактер.

Забелешките се однесуваат на членовите 6, 8 и на одредбите со кои се уредува висината на глобите.

На крајот, Комисијата за одбрана и безбедностедногласно оцени дека Предлогот на закон за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муниција во прво читање е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање во Собранието.

Прочитај повеќе

38 на Комисијата за европски прашања 13,01,10...



Среда, 13 јануари 2010 година

Триесет и осма седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 11 јануари 2010 година, ги разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба(прво читање ) и Предлог-законот за ветеринарно медицински препарати (прво читање).

Во однос на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба, во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Горан Михајловски, заменик на министерот за транспорт и врски, кој ја образложи потребата од донесување на Законот од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската унија.

На комисијата беше истакнато дека се работи за исклучително важен закон, кој претставува апроксимација на законодавството на Европската унија во рамките на правниот поредок на Република Македонија и кој придонесува во создавањето на побезбедни услови за одвивање на внатрешната пловидба во нашата држава.

Решенијата се во согласност со политиките и стандардите на правото на Европската унија, а со овие измени и дополнувања се врши и додефинирање на терминологијата од оваа област, како и усогласување на истата со онаа која се применува и е прифатена во државите членки на Европската унија, укажувајќи на одредена потреба од корекции во преводот на овие термини.

Исто така беше потенцирано дека построгите услови кои треба да ги исполнат пловните објекти и членовите на екипажот на пловниот објект за да можат да вршат пловидба, се во функција на поголема заштита при вршењето пловидба, како и заштита од загадување на водите и бреговите на природните и вештачките езера во Република Македонија.

Комисијата со 6 гласа „за“ и 1 „против“ заклучи дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Потребата од донесување на Предлог-законот за ветеринарно медицински препарати ја образложи претставник на Владата на Република Македонија г. Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската унија.

Комисијата како заинтересирано работно тело го разгледа и едногласно заклучи дека Предлог-законот за ветеринарно медицински препарати е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Прочитај повеќе

Еврокомесарите на сослушување пред европратениците 12.01.10...



Вторник, 12 јануари 2010 година

Еврокомесарите на сослушување пред европратениците

Новите 26 кандидати за комесари, избрани од страна на претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, од вчера па сè до 19 јануари, ќе бидат сослушани од страна на пратениците во Европскиот парламент. 

Прочитај повеќе
1...222324                         
Click