Петок, 5 ноември 2010 година
Потребно е да се негува македонскиот литературен јазик

Комисијата за култура во Собранието на Република Македонија, на својата Осумнаесетта седница, одржа јавна расправа на тема „Македонскиот литературен јазик и неговата примена во јавната комуникација“, што беше можност да се дискутира за актуелната состојба со македонскиот јазик, можност да се потсетиме за вистинските вредности на јазикот, за тоа како сите ние треба да се грижиме за него, како да го спречиме неговото уништување, во ова време кога сме сведоци на неговата неправилна употреба, кога постои реална закана за претоп на македонскиот јазик