Активности


Понеделник, 14 јануари 2013 година

Пленарна седница на Европарламентот

Од 14 до 17 јануари во Стразбур, Европскиот парламент одржува пленарна седница, во рамките на која ќе стане збор и за планот за гаранции младите луѓе да добијат работа, образование или пак понуда за стажирање по четири месеци невработеност

повеќе...



Петок, 11 јануари 2013 година

Парламентарната соработка - мост меѓу парламентите и народите

Координаторите на Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, г-ѓа Силвана Бонева и г. Талат Џафери, остварија одделни средби со федералниот пратеник на Австралија, г. Лук Симпкинс. На средбите присуствуваа и пратеникот Милорад Додевски и г. Зоран Костовски, почесен конзул на Австралија за Република Македонија.

повеќе...



Петок, 11 јануари 2013 година

Изјава на претседателот Вељаноски по повод распишувањето на локални избори

Дозволете да Ве известам дека согласно законската обврска која ја имам како претседател на Собранието на Република Македонија и согласно роковите утврдени во Изборниот законик, денес го потпишав Решението за распишување на избори на членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје

повеќе...



Петок, 11 јануари 2013 година

Средба на претседателот Вељаноски со г. Лук Симпкинс, федерален пратеник на Австралија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изразувајќи задоволство за средбата, ги истакна своите позитивни впечатоци од  официјалната посета на Австралија. Претседателот Вељаноски истакна дека средбите ќе ги подобрат билатералните односи, како и парламентарната соработка со пријателската Австралија, кои во континуитет имаат нагорна линија.

повеќе...

  • 1
  • ...
  • 28
  • 29
  • 30
  •                                
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.