Изјава на г. Вељаноски по средбата со г. Бан Ки-мун...



Понеделник, 4 февруари 2013 година, Њујорк

Изјава на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, по средбата со генералниот секретар на Обединетите нации, г. Бан Ки-мун

Во делот на парламентарната соработка на глобално ниво, беше искажано задоволство од досегашното ниво на соработка со Обединетите нации, односно со Интерпарламентарната унија. Исто така, споделивме мислење за развојот на капацитетите на Собранието на Република Македонија како парламент кој постојано треба да инвестира во сопствениот капацитет за да ги преброди предизвиците

Прочитај повеќе

Средба на КЕМЗМ, 5.2.2013...



Вторник, 5 февруари 2013 година

Политичкото јакнење на жените се должи на енергијата што ги мотивира

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, денеска одржа средба со жени политичарки од арапскиот свет. Средбата беше во организација на Арапскиот институт за жени лидери и Македонското женско лоби, а поддржана од Меѓународниот републикански институт

Прочитај повеќе

Јавна расправа за Европската стратегија за економско јакнењ...



Вторник, 5 февруари 2013 година

Јавна расправа за Европската стратегија за економско јакнење на жените

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, во соработка со Занаетчиската комора на Република Македонија и Бизнис конфедерацијата на Македонија, одржа јавна расправа на тема: Европска стратегија за економско јакнење на жените (Стратегија 2020)

Прочитај повеќе

Пленарна седница на Европскиот парламент 4.2.13...



Понеделник, 4 февруари 2013 година

Пленарна седница на Европскиот парламент

Од денеска до 7 февруари, Европскиот парламент, во Стразбур, одржува пленарна седница, на која, меѓу останатото, ќе се дебатира за иднината на Европската унија и еврозоната, за економската криза и буџетот на ЕУ 2014-2020

Прочитај повеќе

Средба Вељаноски - Лалакос...



Петок, 1 февруари 2013 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ГО ПРИМИ НОВОИМЕНУВАНИОТ ШЕФ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА ВРСКИ НА РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Г. ТЕОХАРИС ЛАЛАКОС

Од страна на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, беше изразено задоволство за средбата и на амбасадорот Лалакос му посака успешна работа во неговиот мандат.

Прочитај повеќе

телефонска анкета 30.1.13...



Среда, 30 јануари 2013 година

Резултати од редовната телефонска анкета за перцепцијата на граѓаните за работата на Собранието на Република Македонија (спроведена - 17 и 18 јануари 2013 година)

Редовната телефонска анкета за перцепцијата на јавноста за работата на Собранието на Република Македонија беше спроведена на 17 и 18 јануари 2013 година. Анкетата се спроведува во рамките на Меморандумот за соработка меѓу Собранието на Република Македонија и Вестминстерската фондација за демократија од Велика Британија. Анкетата е спроведена од Институтот за демократија „Социетас цивилис" Скопје. Со анкетата се опфатени 1.123 испитаници на територијата на целата Република Македонија по пат на телефонска анкета на 17 и 18 јануари 2013 година. Испитувањето е направено на прашалник од стандардните 16 прашања плус демографските прашања

Прочитај повеќе

Проширувањето на ЕУ - механизам за промоција на мир, напред...



Понеделник, 28 јануари 2013 година, Даблин, Ирска

Проширувањето на ЕУ - механизам за промоција на мир, напредок и безбедност

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини, учествува на КОСАК-Конференција на комисиите за европски прашања на земјите-членки на Унијата, која во рамките на Ирското претседателство со Европската унија, се одржува од 27 до 28 јануари во Даблин

Прочитај повеќе

Средба Вељаноски - Дачиќ...



Понеделник, 28 јануари 2013 година

Претседателот Вељаноски го прими претседателот на Владата на Република Србија, г. Ивица Дачиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на денешната средба ги истакна високо развиените односи меѓу двете држави и народи, кои се карактеризираат со добрососедство, безбедност и стабилност на билатерален, регионален и мултилатерален план со висок степен на доверба и отсуство на отворени и спорни прашања. На средбата посебно акцент беше ставен на заедничката иднина во рамките на процесот на интеграција во Европската унија, при што беше искажана подготвеноста од Собранието на Република Македонија за споделување на сите искуства

Прочитај повеќе

23. седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водо...



Среда, 23 јануари 2013 година

Дваесет и трета седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 23. Седница, одржана денеска, како матично работно тело, по скратена постапка, го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој

Прочитај повеќе

32. седница на Комисијата за труд и социјална политика 23.1...



Среда, 23 јануари 2013 година

Триесет и втора седница на Комисијата за труд и социјална политика

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, како матично работно тело, на денешната 32. седница, по скратена постапка - II читање, ги разгледа

Прочитај повеќе
1...27282930                               
Click