23. седница на Комисијата за економски прашања 11.2.13...



Понеделник, 11 февруари 2013 година

Дваесет и трета седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Дваесет и третата седница, одржана на 7 февруари 2013 година, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:

Прочитај повеќе

Завршна посета на претседателот Вељаноски на САД...



Сабота, 9 февруари 2013 година

Со средбата со сенаторот Џон МекКејн, претседателот Вељаноски ја завршува посетата на САД

Претседателот Вељаноски изрази благодарност за принципиелната поддршка која САД ја даваат на Република Македонија и целокупните заложби кои досега ги имаат направено со нивниот авторитет и улога во светот. Тој истакна дека без оглед што Македонија сè уште не е членка на НАТО, таа ги исполнува сите обврски како да е членка и така и ќе продолжи

Прочитај повеќе

Средби со ОМД и НААС...



Петок, 8 февруари 2013 година, Вашингтон

Претседателот Вељаноски и пратениците Спасеновски и Ѓорчев остварија средби со Обединетата македонска дијаспора и Националниот албански американски совет

Заеднички беше констатирано дека има потреба од воведување на активности и мерки за зголемување на интересот на иселениците со право на глас, за вадење на патни исправи за учество на претседателските и парламентарните избори

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски се сретна со конгресменот Роберт Ад...



Петок, 8 февруари 2013 година, Вашингтон

Претседателот Вељаноски се сретна со конгресменот Роберт Адерхолд и се обрати на Ручекот на лидерите

Претседателот Вељаноски и на оваа средба се заложи при меѓународното интегрирање на Република Македонија во овие организации да важат истите правила кои важат и за другите земји. По средбата двајцата соговорници заминаа на заедничкиот Ручек на лидерите, кој се oрганизира во рамките на активностите на Молитвениот појадок

Прочитај повеќе

Средби на претседателот Вељаноски во Вашингтон...



Четврток, 7 февруари 2013 година

Средби на претседателот Вељаноски во Вашингтон

На првиот ден од престојот на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во Вашингтон, се остварени повеќе средби со конгресмени, сенатори и претседатели на фондации и меѓународни организации

Прочитај повеќе

24, седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водо...



Вторник, 29 јануари 2013 година

Дваесет и четврта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 24. седница, одржана денеска, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа

Прочитај повеќе

33. седница на Комисијата за труд и социјална политика 29.1...



Вторник, 29 јануари 2013 година

Триесет и трета седница на Комисијата за труд и социјална политика

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на денешната Триесет и трета седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа

Прочитај повеќе

Поплодна соработка и економско зближување во регионот преку...



Четврток, 7 февруари 2013 година, Белград

Поплодна соработка и економско зближување во регионот преку воспоставување парламентарни мрежи

Во рамките на проектот на Вестминстер фондацијата за демократија „Улогата на парламентите и владите во промовирање на конкурентноста и економскиот раст во земјите од Западен Балкан“, претседателот на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Владанка Авировиќ, учествуваше на промоцијата на регионалната студија: Eкономски и европски перспективи на земјите од Западен Балкан, што се одржа на 5 февруари 2013 година во Белград, во Народното собрание на Република Србија

Прочитај повеќе

Неформална средба на Салиу-Топали, 6.2.2013...



Среда, 6 февруари 2013 година

Неформална средба на г-ѓа Сузана Салиу со г-ѓа Јозефина Топали

Тие разговараа за исклучително важната улога на парламентите во правец на евроинтеграциите, како и за важноста на одржувањето на фер и демократски избори, за севкупниот демократски дух на овие две држави, кога се знае дека и двете се во почетокот на изборниот процес, на локалните избори, кои ќе се одржат во Република Македонија во месец март, како и на парламентарните избори во Република Албанија, кои се предвидени за во месец јуни

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со г. Вук Јеремиќ...



Вторник, 5 февруари 2013 година, Њујорк

Претседателот Вељаноски во Њујорк се сретна со претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации, г. Вук Јеремиќ

На срдечната средба се разговараше за повеќе прашања, при што акцентот беше ставен на унапредувањето на регионалната соработка и градењето на добрососедски односи. Во оваа насока, претседателот Вељаноски го истакна посебниот интерес и континуиран придонес на Република Македонија во градењето на мирот и стабилноста во регионот

Прочитај повеќе
1...262728...30                               
Click