Комуникацијата меѓу Македонија и Грција е неопходна 18,2,13...



Понеделник, 18 февруари 20013 година

Комуникацијата меѓу Македонија и Грција е неопходна

Македонија и Грција сакаат да се најде заемно прифатливо решение за спорот со името и токму затоа комуникацијата меѓу нив е неопходна – беше истакнато на средбата на претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини, со амбасадорот на Република Грција во Република Македонија, Н.Е. Харис Лалакос.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со г. Ричард Ховит...



Четврток, 14 февруари 2013 година

Средба на претседателот Вељаноски со членот на Поткомитетот за човекови права на Европскиот парламент, г. Ричард Ховит

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, посакувајќи му добредојде на г. Ричард  Ховит, на почетокот на средбата генерално му се заблагодари за поддршката што ѝ ја дава на Република Македонија во евроинтегративниот процес, при што потенцираше дека извештаите кои г. Ховит ги подготвува за Република Македонија во Европскиот парламент се објективни, принципиелни, интегрални и за доброто на побрзото интегрирање на Македонија во Европската унија.

Прочитај повеќе

Средба на Постојаната анкетна комисија 14,2,13...



Четврток, 14 февруари 2013 година

Средба на Постојаната анкетна комисија за слободите и правата на граѓанинот со членови на Поткомитетот за човекови права во Европскиот парламент

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за слободите и правата на граѓанинот, г. Беким Фазлиу, членовите: г-ѓа Сузана Салиу и г-ѓа Лилјана Кузмановска и пратениците: г-ѓа Силвана Бонева и г. Газменд Алији, остварија средба со Делегација на Поткомитетот за човекови права во Европскиот парламент, предводена од г. Ричард Ховит.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со Делегацијата на европр...



Среда, 13 февруари 2013 година

Средба на претседателот Вељаноски со Делегацијата на европратеници, претставници на Европската народна партија, предводена од потпретседателот, г-ѓа Корин Вортман Коол

На почетокот на средбата, претседателот Вељаноски им посака добредојде на претставниците на Европската народна партија и ги информираше за општата политичко-економска состојба во Република Македонија

Прочитај повеќе

Средба на пратеникот Павле Трајанов со израелскиот амбасадо...



Среда, 13 февруари 2013 година

Средба на пратеникот Павле Трајанов со израелскиот амбасадор, г. Јозеф Амрани

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, г. Павле Трајанов и членот г-ѓа Силвана Бонева, остварија средба со Н.Е. Јозеф Амрани , амбасадор на Државата Израел надлежен за Република Македонија, со седиште во Загреб.

Прочитај повеќе

Излезе двaесет и осмото издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ 7...

Четврток, 7 февруари 2012 година

Излезе двaесет и осмото издание на билтенот на МПК РМ-ЕУ

Во актуелниот број на Билтенот, претставена е првата официјална посета на Делегација од Мешовит парламентарен комитет од Република Македонија на нивните колеги во Големото народно собрание на Република Турција во состав: г. Кенан Хасипи, копретседавач, г-ѓа Силвана Бонева, г. Александар Спасеновски, членови и г-ѓа Дешира Имери, заменик-член на Комитетот.

Прочитај повеќе

24. седница на Комисијата за економски прашања 13.2.13...



Среда, 13 февруари 2013 година

Дваесет и четврта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната Дваесет и четврта седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка

Прочитај повеќе

54. седница на Комисијата за финансирање и буџет 13.2.13...



Среда, 13 февруари 2013 година

Педесет и четврта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Педесет и четврта седница, како матично работно тело, ги разгледа

Прочитај повеќе

Милошоски-Амрани, 13.2.2013...



Среда, 13 февруари 2013 година

Средба на пратеникот Антонио Милошоски со израелскиот амбасадор, г. Јозеф Амрани

На средбата заеднички беше истакнато дека пријателските македонско-израелски односи отвораат голем простор за соработка, особено во областа на економијата, одбраната и образованието

Прочитај повеќе

25. седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водо...



Вторник, 12 февруари 2013 година

Дваесет и петта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 25. седница, како матично работно тело, по скратена постапка, го разгледа Предлог-законот за дополнување на Законот за шумите.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседавачот на Комисијата, г. Малиша Станковиќ, ги извести пратениците дека по овој Предлог-закон, согласно рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство заклучи Предлог-законот за дополнување на Законот за шумите да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

Прочитај повеќе
1...252627...30                               
Click