
Вторник, 30 мај 2017 година
Претседателот Џафери се сретна со коизвестителите на Мониторинг комисијата
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери се сретна со коизвестителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки преземени при приемот во Советот на Европа, г-ѓа Лисе Кристоферсен, пратеник од Норвешка и г. Валериј Гилечи, пратеник од Молдавија, кои во рамките на пост-мониторинг дијалогот се во дводневна посета на Република Македонија.