Средба на претседателот Џафери со претставници на Институто...

Петок, 26 мај 2017 година

Средба на претседателот Џафери со претставници на Институтот за демократија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со претставници на Институтот за демократија (ИДСЦС) на која беше презентиран проектот „Собранието под лупа“, чија суштина е зајакнување на учеството на јавноста во расправите и дискусиите, преку инклузивен и отворен начин, во собраниските работни тела.

Претседателот Џафери го повтори своето уверување дека Собранието мора да биде максимално отворено и кооперативно со граѓаните, со невладиниот сектор и со медиумите, при што беше нагласена потребата од враќање на демократските принципи во институциите на системот и довербата во Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Талат Џафери со г-ѓа Луиза Винтон, ...

Вторник, 23 мај 2017 година

Средба на претседателот Талат Џафери со г-ѓа Луиза Винтон, резидентен координатор на ОН и резидентен претставник на УНДП

Госпоѓа Винтон му го честиташе на г. Талат Џафери изборот за претседател на Собранието на Република Македонија и изрази очекување за брзо враќање на Собранието како центар на политичките случувања во земјата. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. амбасадорката на Нар...

Вторник, 23 мај 2017 година

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. амбасадорката на Народна Република Кина , г-ѓа Јин Лишиан

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари официјална средба со амбасадорката на Народна Република Кина во Република Македонија, г-ѓа Јин Лишиан. На почетокот од средбата амбасадорката му го честиташе изборот на функцијата претседател на Собранието и му врачи официјална честитка од претседателот на Постојаниот комитет на Секинескиот народен конгрес, г. Џанг Дежианг по тој повод. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот на Собранието, г.Талат Џафери со ви...

Понеделник, 22 мај 2017

Средба на претседателот на Собранието, г. Талат Џафери со високи офицери и цивили од Кралскиот колеџ за oдбранбени студии од Лондон

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска во организација на Амбасадата на Обединетото Кралство во Република Македонија, оствари средба со делегација на високи офицери и цивили од Кралскиот колеџ за oдбранбени студии од Лондон, предводена од г. Николас Еванс.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со канадскиот амбасадор Пини...

Среда, 17 мај 2017 година

Средба на претседателот Џафери со канадскиот амбасадор Пинингтон

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари официјална средба со амбасадорот на Канада во Република Македонија, г. Филип Пинингтон, кој истакна дека Канада беше меѓу првите држави која го честиташе изборот на г. Талат Џафери на функцијата претседател на Собранието, и која на јасен, и видлив, начин изрази поддршка на процесот на демократските промени во државата при транзицијата на власта.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со шефот на Мисијата на ОБСЕ...

Среда, 17 мај 2017 година

Средба на претседателот Џафери со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, г-ѓа Нина Суомалаинен 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери денеска оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, г-ѓа Нина Суомалаинен.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со словенечкиот амбасадор Ја...

Понеделник, 16 мај 2017 година

Средба на претседателот Џафери со словенечкиот амбасадор Јазбец

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари официјална средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, г. Милан Јазбец. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со поранешните претседатели ...

Понеделник, 15 мај 2017 година

Средба на претседателот Џафери со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска имаше средба со поранешните претсадатели на Собранието на Република Македонија г. Стојан Андов, г. Тито Петковски и г. Никола Поповски.

Прочитај повеќе

Претседателот на Собранието, г.Талат Џафери, се сретна со ш...

Понеделник, 15 мај 2017 година

Претседателот на Собранието, г.Талат Џафери, се сретна со шведскиот амбасадор, г. Матс Стафансон

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денес оствари официјална средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Македонија, г. Матс Стафансон. Тој му го честиташе изборот на функцијата претседател на Собранието и изрази искрени очекувања дека политичкиот и законодавниот процес во државата набрзо ќе се вратат на вообичаените патеки. 

Прочитај повеќе

Работна средба на претседателот на Собранието, г. Талат Џаф...

Петок, 12 мај 2017 година

Работна средба на претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, со амбасадорите на земјите членки на ЕУ 

На почетокот на средбата претседателот Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, изрази благодарност за поддршката што институциите на ЕУ и државите  членки поединечно ја дадоа на неговиот избор за претседател на Собранието на Република Македонија. Подвлече дека останува на својата лична определба да биде претседател на сите граѓани и на сите пратеници, почитувајќи го Уставот и Деловникот на Собранието.

Прочитај повеќе
1...383940                                         
Click