Годишен состанок на претставниците на Комисиите за одбрана ...

Среда, 20 јуни 2018 година

Годишен состанок на претставниците на Комисиите за одбрана и безбедност од Парламентите на земјите од Југоисточна Европа

Собрание на Република Македонија, 24-26 јуни 2018, Скопје

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија и Центарот за безбедносна соработка RACVIAC со партнерска поддршка на Женевскиот центар за демократска контрола на вооружени сили (ДКАФ), од 24 до 26 јуни 2018 година ќе бидат домаќини и организатори на Годишниот состанок на претставниците на Комисиите за одбрана и безбедност од Парламентите на земјите на Југоисточна Европа.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Интерпарламентарната конференција ...

Среда, 13 јуни 2018 година

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во Прага

Делегација од Собрание на Република Македонија на 15 јуни 2018 година ќе учествува на Интерпарламентарна конференција во главниот град на Чешка Република, Прага. Темата на конференцијата е под наслов "Почитување на слободата на изразувањето вклучувајќи ја и слободата на медиумите, во ЕУ и пошироко". 

Прочитај повеќе

Собраниска делегација во посета на Украина...

Понеделник, 28 мај 2018 година

Собраниска делегација во посета на Украина

Делегација на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина во состав: г. Јован Митрески, претседател на Пратеничката група за соработка, г-ѓа Весна Пемова и г. Ејуп Алими, членови на Групата ќе остварат возвратна посета на Украина на 29 и 30 мај 2018 година, на покана од г. Андриј Шињкович, претседател на Пратеничката група на Врховната Рада на Украина за меѓупарламентарни односи со Република Македонија. 

Прочитај повеќе

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ПС НА НАТО ВО ВАРШАВА...

Среда, 23 мај 2018 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ПС НА НАТО ВО ВАРШАВА

Пратениците Катерина Кузмановска, член и Африм Гаши, заменик-член на Делегацијата од Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на НАТО  ќе учествуваат на пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО, која ќе се одржи од 25 до 28 мај 2018 година во Варшава, Република Полска. 

Прочитај повеќе

Пратеникот Џеват Адеми на Конференција во Букурешт ...

Понеделник, 21 мај 2018 година

Пратеникот Џеват Адеми на Конференција во Букурешт 

Од 21 до 22 мај 2018 година во Букурешт, Романија, ќе се одржи Конференцијата на претседатели на секции на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ) на која ќе учествува г. Џеват Адеми, претседател на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ).

Прочитај повеќе

Надзорна расправа на Комисијата за култура...

Петок, 18 мај 2018 година

Надзорна расправа на Комисијата за култура

Комисијата за култура на својата 14. седница ќе одржи надзорна расправа на тема „Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културно наследство“.

Надзорната расправа ќе се одржи на 22 мај 2018 година (вторник), со почеток од 11.00 часот, во Сала „Борис Трајковски“ во зградата на Собранието на Република Македонија, ул. „11 Октомври“ 10 Скопје. 

Прочитај повеќе

Пратеничката Славица Шуманска-Митева на Конференција во Бел...

Четврток, 10 мај 2018 година

Пратеничката Славица Шуманска-Митева на Конференција во Белград

Пратеничката во Собранието  на Република Македонија, г-ѓа Славица Шуманска-Митева, учествува на Конференција на тема: „Преку идејата за ЕУ кон мир и стабилност“, што ќе се оддржи на 11-12 мај во Белград, на покана на  претседателот на Комисијата за европски интеграции на Парламентот на Република Србија, г. Ненад Чанак. 

Прочитај повеќе

ПОЛАГАЊЕ ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ 3.5.18...

Четврток, 3 мај 2018 година

ПОЛАГАЊЕ ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

По повод 115-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г-ѓа Фросина Ташевска-Ременски, потпретседател на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Далибор Богдановски, г. Горан Манојловски и г-ѓа Жаклина Пешевска на 4 мај (петок) во 10.00 часот во црквата „Свети Спас“, на гробот на Гоце Делчев, ќе положи венец свежо цвеќе.

Прочитај повеќе

Доделување на наградата „Гоце Делчев“ 4.5.18...

Четврток, 3 мај 2018 година

Доделување на наградата „Гоце Делчев“

На 4 мај 2018 година (петок) во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“ ќе ја додели наградата „Гоце Делчев“ за 2018 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката.

Прочитај повеќе

Пратеничката Прентовиќ на Седница на Комисијата за соработк...

Четврток, 3 мај 2018 година

Пратеничката Прентовиќ на Седница на Комисијата за соработка и развој на Парламентарното собрание на Франкофонијата во Рим

Од 3 до 4 мај 2018 година во седиштето на FAO (Food and Agriculture Organization-Организација за храна и земјоделство на ОН) во Рим, Италија, ќе се одржи Седница на Комисијата за соработка и развој на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ) на која ќе учествува г-ѓа Татјана Прентовиќ, пратеник и член на Делегацијата на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ).

Прочитај повеќе
1...131415...21                      
Click