Парламентарна делегација предводена од претседателот Џафери...

Понеделник, 3 јули 2017 година

Парламентарна делегација предводена од претседателот Џафери во официјална посета на Црна Гора

На покана на претседателот на Собранието на Црна Гора, г. Иван Брајовиќ, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, ја предводи парламентарната делегација составена од пратениците, г. Максим Димитриевски и г. Џеват Адеми.

Прочитај повеќе

Прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија ...

Понеделник, 3 јули 2017 година

Прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија   

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на 1. седница, како матично работно тело, ги разгледа:

Прочитај повеќе

Презентација на степенот на имплементација на законодавство...

Понеделник, 3 јули 2017 година

Презентација на степенот на имплементација на законодавството на Енергетската заедница во Република Македонија

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија одржа состанок со директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, г. Јанез Копач. На состанокот од страна на г. Јанез Копач беше извршена презентација за степенот на имплементација на законодавството на Енергетската заедница во Република Македонија. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со амбасадорoт на Романија Н...

Петок, 30 јуни 2017 година

Средба на претседателот Џафери со амбасадорoт на Романија Н.Е. Виорел Станила 

На денешната средба со амбасадорот на Романија, Н.Е. Виорел Станила, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, ја поздрави досегашната поддршка што ја дава Романија на Република Македонија за eвроатлантските интеграции и изрази надеж дека овој процес на интеграција во ЕУ и НАТО ќе добие нова и посилна димензија во наредниот период. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Димитрис Јанакакис...

Четврток, 29 јуни 2017 година

Средба на претседателот Џафери со шефот на Канцеларијата за врски на Република Грција во Скопје амбасадорот г. Димитрис Јанакакис 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со шефот на Канцеларијата за врски на Република Грција во Скопје амбасадорот, г. Димитрис Јанакакис.

Претседателот Талат Џафери му посака добредојде на амбасадорот на Република Грција и изрази задоволство од добрите сигнали и знаци за продлабочување на соработката помеѓу двете држави по неодамнешната посета на министерот за надворешни работи, г. Димитров на Атина. 

Прочитај повеќе

Трета седница на Комисијата за одбрана и безбедност ...

Четврток, 29 јуни 2017 година

Трета седница на Комисијата за одбрана и безбедност         

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, на денешната 3. седница, како матично работно тело ја разгледа Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Јавна расправа на тема: Предлог на Закон за изменување на З...

Четврток, 29 јуни 2017 година

Јавна расправа на тема: Предлог на Закон за изменување на Законот за работните односи

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Комисијата за труд и социјална политика одржаа на 27 јуни 2017 година, Јавна расправа на тема: Предлог на Закон за изменување на Законот за работните односи.
Седницата со свое обраќање ја отворија претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Даниела Рангелова, заменикот на претседател на Комисијата за труд и социјална политика, Весна Пемова и заменикот министер за труд и социјална политика, Елми Азири.

Прочитај повеќе

Прва седница на Комисијата за европски прашања...

Среда, 28 јуни 2017 година

Прва седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија денеска  ја одржа Првата седница на Комисијата посветена на евроинтегративните процеси на земјата, на која беа разменети мислења и ставови за нивно унапредување, од парламентарен аспект.  

Во врска со темата воведни обраќања имаа претседателот на Комисијата, г. Артан Груби, амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, г. Самуел Жбогар, како и заменикот на претседателот во Владата на Република Македонија задолжен за  европски прашања г. Бујар Османи.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Конференција посветена ...

Среда, 28 јуни 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на Конференција посветена на зајакнувањето и улогата на Собранието на Република Македонија

Ми претставува особена чест и задоволство да ја отворам денешната Конференција посветена на зајакнувањето и улогата на Собранието на Република Македонија. Собранието е една од клучните институции за враќање на Република Македонија во демократските текови и евроатлантските интеграции, и затоа сум убеден дека темите предложени за дискусии денес ќе резултираат со конструктивна расправа. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со директорката на Директора...

Вторник, 27 јуни 2017 година

Средба на претседателот Џафери со директорката на Директоратот за проширување, надлежен за Западен Балкан на Европската комисија, г-ѓа Геновева Руиз Калавера

На почетокот на средбата г-ѓа Геновева Руиз Калавера изрази задоволство дека при нејзината прва посета на Република Македонија има можност најпрвин да се сретне со претседателот на законодавниот дом, г. Талат Џафери.
Прочитај повеќе
1...112113114...117                                                                                                                      
Click