
Петок, 7 февруари 2020 година
Обраќање на претседателот Џафери на Конференцијата на МОСТ на тема “Транспарентноста на Собранието – предизвици за новиот парламентарен состав“
Драго ми е што можам да го поздравам во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, почетокот на оваа Конференција организирана од Граѓанската асоцијација МОСТ, со која Собранието има заеднички проект насловен „“Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание” , кој што е започнат со примена во јули 2016 година и тука, ќе споделам со вас едно за мене значајно сеќавање, а тоа е дека моето прво јавно обраќање кога стапнав на оваа одговорна функција, беше токму на Конференција организирана во рамките на истиот овој проект, исто така пред претставници на невладините организации за кои и тогаш, и сега го делам истото мислење, дека тие се најзначајната алка на поврзување или пак останување во постојан контакт со граѓаните и нивните потреби кои произлегуваат од нивното секојдневие.