Среда, 8 септември 2021 година
Обраќање на претседателот Џафери за 8 Септември-Денот на независноста
Почитувани граѓани,
Вечерва, одбележуваме исклучително значаен јубилеј, полни триесет години од историската вечер кога со прогласувањето на резултатите од референдумот на 8 септември 1991 година, референдумот на кој граѓаните гласаа за слободна, независна, суверена држава а нашите колеги од тој пратенички состав, ја ставија на хартија и во живот таа одлука со која се потврди илинденскиот и асномскиот континуитет и се потврди желбата за независна, суверена држава, признат меѓународен субјект и рамноправен член на заедницата на народите, од ова место, пред законодавниот дом, кога Претседателот Глигоров се обрати пред собраните граѓани упатувајќи честитки за храбрата и решителна одлука...