Поздравно обраќање на претседателот Џафери по повод „Денови...

Сабота, 21 ноември 2020 година, Институт за духовно и културно наследство на Албанците

Поздравно обраќање на претседателот Џафери на Научната академија по повод Научно-културната манифестација „Деновите на Азбуката - II“

Имам чест во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да изразам моја искрена почит и честитки по повод 22 Ноември, 112-годишнината од Битолскиот конгрес каде и се унифицираше албанската азбука и што се одбележува како признаен национален празник на Албанците во Северна Македонија. 
Прочитај повеќе

Поздравно обраќање на претседателот Џафери на обуката за По...

Вторник, 17 ноември 2020

Поздравно обраќање на претседателот Џафери на обуката за Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот 

На самиот почеток, сакам да ја поздравам оваа иницијатива на Меѓународниот републикански институт и на Партнерството за демократија на американскиот конгрес и да потврдам дека таа доаѓа во најсоодветниот момент за Собранието на Република Северна Македонија. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Работната средба за пра...

Четврток, 29 октомври 2020, Холидеј Ин

Обраќање на претседателот Џафери на Работната средба за пратеници: Вовед во улога и функција на Клуб за младински прашања и политики

Дозволете да изразам задоволство што денес се наоѓаме тука на овој убав настан, кој што е всушност почеток на продолжението на една убава иницијатива која своите зачетоци ги има од 14 октомври 2017 година, кога беше формиран Клубот за младински прашања и политики во Собранието на Република Северна Македонија.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Балкански форум против ...

Среда, 28 октомври 2020, Тирана, Република Албанија

Обраќање на претседателот Џафери на Балкански форум против антисемитизмот 2020

Дами и господа, присутни на виртуелен начин на оваа специјална конференција за Балканот, а со фокус на борбата против семитизмот, драго ми е што можам на овој начин да ве поздравам и да ви посакам пред сѐ на сите да бидете со добро здравје во ова време на глобална закана по здравјето на секој човек.

Човекот, со сите свои доблести и мани е најсовршеното битие кое знае, може и во поголемиот дел од времето го користи разумно тоа со што е благословен во животот. Меѓутоа, има мигови, за жал понекогаш и подолготрајни периоди кога здравиот разум останува нем сведок на нечовечноста, кога надвладува нехуманото постапување со други живи суштества.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Е-конференција за Отвор...

Среда, 28 октомври 2020

Обраќање на претседателот Џафери на Е-конференција за Отворен парламент - Акциски план за Партнерство за отворена власт 2021 - 2023

Дозволете во мое име и од име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија да ви посакам добредојде на виртуелната конференција за Отворен Парламент, Акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023. Како што ви е познато, оваа е-конференција се организира во рамките на Глобалната недела на отвореност на законодавството #GLOW2020 организирана од Е-мрежата за Отворен парламент и мене ми е драго што Собранието е дел од оваа Недела и оваа мрежа.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Свечената академија по ...

Среда, 26 август 2020 година

Обраќање на претседателот Џафери на Свечената академија по повод 110-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза

Имам чест во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, денес, кога ја одбележуваме 110-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, симболот на бескрајната хуманост, симболот на љубовта кон човекот, на грижата и сочувството кон болните, кон сиромашните и не толку среќните во животот, тука, пред оваа спомен плоча која ги симболизира темелите на родната куќа на оваа светски почитувана Албанка, да го изразам и споделам со сите вас тука присутни, чувството на искрена гордост што сум дел од овој собир.
Прочитај повеќе
1...345      
Click