Соопштенија

Четврток, 11 март 2021 година

Положување свежо цвеќе

По повод 78 години од депортацијата на 7144 македонски Евреи во логорот на смртта-Треблинка, во име на Собранието на Република Северна Македонија, Бојан Василевски, заменик-генералниот секретар, денеска, ќе положи цвеќе во:

повеќе...

Среда, 3 март 2021

Јавна расправа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието, на 5 март 2021 година (петок), во 12:30 часот, во Салата „Борис Трајковски“, во рамките на својата 4. седница, ќе одржи Јавна расправа на тема: Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2019 година.

повеќе...

Среда, 24 февруари 2021 година 

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод 17-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател Борис Трајковски, потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски и пратеничката Снежана Калеска-Ванчева, на 26 февруари 2021 година (петок), во 11:00 часот, ќе положат венец свежо цвеќе на Алејата на великани, Градски гробишта Бутел.

повеќе...

Среда, 3 февруари 2021

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

Делегација на Собранието, предводена од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, во состав Снежана Калеска-Ванчева и Велика Стојкова-Серафимовска, по повод 149-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, на 4 февруари 2021 година, во 09:30 часот, ќе положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“.

повеќе...

Среда, 3 февруари 2021

Јавна расправа по „Нацрт-концепцијата за основното образование“

Комисијата за образование, наука и спорт, на 5 февруари 2021 година (петок), во 12:00 часот, во Големата сала во Собранието, во рамките на својата 7. седница, ќе одржи Јавна расправа по „Нацрт-концепцијата за основното образование“.

повеќе...

Четврток, 14 јануари 2021

Онлајн презентација на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието, заедно со Клубот на пратенички, а во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 15 јануари 2021 година  (петок), во 11:00 часот, ќе одржи онлајн презентација на наодите од анализата на Деловникот и Законот за собрание од аспект на родот и различностите изработена од експерти на ОДИХР.

повеќе...

Вторник, 15 декември 2020

Јавна расправа за Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието, во рамките на Втората седница, денеска во 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе одржи Јавна расправа на тема: Предлог-закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

Јавната расправа се организира на иницијатива на Здружението за родова еднаквост ЕДНА МОЖЕ!

повеќе...

Петок, 6 декември 2020

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЕЦ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод празникот 8 Декември - „Св. Климент Охридски“, делегација на Собранието, во состав: Горан Мисовски, Марија Георгиевска и Велика Стојкова-Серафимовска, на 8 декември 2020 година (вторник), во 11:00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“.

повеќе...

Четврток, 19 ноември 2020 

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „22 НОЕМВРИ“

На 22 ноември 2020 година (недела), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ќе ја додели државната награда „22 Ноември“ за 2020 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

повеќе...

Четврток, 12 ноември 2020 година

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЦИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 13 НОЕМВРИ

По повод 13 Ноември - Денот на ослободување на Градот Скопје, собраниска делегација во состав: Снежана Калеска-Ванчева и Велика Стојкова-Серафимова, на 13 ноември 2020 година (петок), ќе положи венци свежо цвеќе, и тоа:

повеќе...

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.