Работна посета на Комитетот за односи со заедниците на ООУ ...

Петок, 11 март 2022

Работна посета на Комитетот за односи со заедниците на ООУ „Свети Кирил и Методиј“ - Центар

Во рамките на реализацијата на активностите поврзани со Меѓународниот проект „Говор на омраза како валута на национализмот: институционалeн одговор во Северна Македонија“, а во контекст на образованието како суштинска алатка за зголемување на интеркултурното разбирање, Комитетот за односи меѓу заедниците ќе оствари работна посета на ООУ „Свети Кирил и Методиј“ - Центар, Скопје, на 14 март 2022 (понеделник).

Прочитај повеќе

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ 11.3.22...

Среда, 9 март 2022

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод 79 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот на смртта-Треблинка, Собраниска делегација, во состав Диме Велковски и Рашела Мизрахи, на 11 март 2022 година (петок), ќе положи цвеќе:

Прочитај повеќе

Средба на Клубот на пратенички во Центарот за социјално пре...

Вторник, 8 март 2022

Средба на Клубот на пратенички во Центарот за социјално претприемништво

По повод јубилејот од основањето на Клубот на пратенички на Собранието, на 9 март 2022 година, од 09:45 до 11:15 часот, во Центарот за социјално претприемништво во Скопје, пратеничките ќе одржат средба со претставнички на Центарот за социјални претпријатија и претставници и претставнички коишто водат социјални претпријатија.

Прочитај повеќе

Работна посета на Комитетот за односи со заедниците на ЈОУД...

Вторник, 8 март 2022

Работна посета на Комитетот за односи со заедниците на ЈОУДГ „Фидани“ - Чаир

Во рамките на реализацијата на активностите поврзани со Меѓународниот проект „Говор на омраза како валута на национализмот: институционалeн одговор во Северна Македонија“, а во контекст на образованието како суштинска алатка за зголемување на интеркултурното разбирање, Комитетот за односи меѓу заедниците ќе оствари работна посета на ЈОУДГ „Фидани“ - Чаир, на 10 март 2022 (четврток).

Прочитај повеќе

Учество на Арбер Адеми на Конференција на КОСАК во Париз ...

Четврток, 3 март 2022

Учество на Арбер Адеми на Конференција на КОСАК во Париз 

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Арбер Адеми, ќе учествува на Конференцијата на Комисиите за европски прашања на земјите ЕУ членки-КОСАК, што ќе се одржи на 4-5 март во Париз, во рамките на Француското претседателство со ЕУ. 

Прочитај повеќе

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ 26.2.22...

Четврток, 24 февруари 2022 

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод 18-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател Борис Трајковски, Делегација од Собранието, предводена од претседателот Талат Џафери, во состав: Бети Стаменкоска-Трајкоска, Мерита Колчи-Коџаџику и Илија Николовски, на 26 февруари 2022 година (сабота), во 12:00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на Алејата на великаните, Градски гробишта Бутел.

Прочитај повеќе

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД СОБРАНИЕТО НА СОСТАНОЦИ НА ПС НА НАТО ВО БРИС...

Петок, 18 февруари 2022

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД СОБРАНИЕТО НА СОСТАНОЦИ НА ПС НА НАТО ВО БРИСЕЛ

Во рамките на редовните активности, Делегација од Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, ќе учествува на редовните состаноци на комитетите, кои секоја година традиционално се одржуваат во Брисел, Кралството Белгија. Оваа година, истите ќе се одржат од 21 до 23 февруари 2022 година.

Прочитај повеќе

Работна посета на Комитетот за односи со заедниците на СУГС...

Понеделник, 14 февруари 2022

Работна посета на Комитетот за односи со заедниците на СУГС Гимназија „Јосип Броз-Тито“ - Скопје

Во рамките на реализацијата на активностите поврзани со Меѓународниот проект „Говор на омраза како валута на национализмот: институционалeн одговор во Северна Македонија“, а во контекст на образованието како суштинска алатка за зголемување на интеркултурното разбирање, Комитетот за односи меѓу заедниците ќе оствари работна посета на СУГС Гимназија „Јосип Броз-Тито“ - Скопје, на 16 февруари 2022 г. (среда), во 11:30 часот. 

Прочитај повеќе

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ 4.2.22...

Четврток, 3 февруари 2022

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

Делегација на Собранието, предводена од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, во состав Марија Георгиевска и Велика Стојкова-Серафимовска, по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, на 4 февруари 2022 година (петок), во 10:00 часот, ќе положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“.

Прочитај повеќе

Средба на Клубот на пратенички со јапонски студенти...

Среда, 19 јануари 2022

Средба на Клубот на пратенички со јапонски студенти

Претседателството на Клубот на пратенички на Собранието, на 21 јануари 2022 година (петок), со почеток од 09:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе одржи средба со студенти од Универзитетското училиште за напредни меѓународни студии „Џон Хопкинс“ (The Johns Hopkins University School of Advanced International Studies - SAIS) од Јапонија.

Прочитај повеќе
123...6       
Click