Совети

Среда, 24 март 2010 година

ЈАВНА РАСПРАВА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Националниот совет за евроинтеграции, заеднички со Фондацијата „Фридрих Еберт“, организираше јавна расправа на тема „Обновливи извори на енергија - Дали може германското искуство да биде корисно за Република Македонија".

На јавната расправа своја презентација имаа г. Ралф Бергман, политички спикер за прашања од животна средина од Федералната држава Саксонија Анхалт, СР Германија, проф. д-р Рубин Талески - Факултет за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" - Скопје, д-р Наташа Марковска - Истражувачки центар за енергетика, информатика и материјали при Македонската академија на науки и уметности и г. Методија Саздов, претседател на Македонски зелен центар.

Од страна на г. Ралф Бергман беа пренесени искуствата на Федералната држава Саксонија Анхалт во Германија во областа на обновливите извори на енергија.Тој посебно ја нагласи потребата од изградба на ветерници за искористување на ветерната енергија, изградба на колектори за искористување на соларната енергија, како и производство на енергија од биомаса, со што ќе се оствари поголема заштеда на електрична енергија, ќе се зголеми енергетската ефикасност и ќе се придонесе за заштита на животната средина.

Со свои дискусии, предлози, коментари и забелешки учествуваа г-ѓа Радмила Шекеринска, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Силвана Бонева, потпретседател на Советот, Др. Хајнц Бонгартц  официјален претставник на Фондацијата Фридрих Еберт, г. Јани Макрадули, потпретседател на Собранието на Република Македонија, г. Влатко Стоилков, професор на Факултет от за електротехника и информациски технологии, г. Јован Борозанов, претставник од АД Макпетрол, г.Душко Христов претставник од 4x4x4 Балкански мостови, г-ѓа Искра Стојковска претставник од Фронт 21142, г. Илија Насов, професор експерт за соларна енергија, претставник од Македонска енергетска асоцијација при Стопанска комора на Република Македонија и г. Гоце Јосифоски, претставник од ОПЕТ Plasics.

поканазаклучоцистенографски белешки

Click