Соопштенија

Понеделник, 14 декември 2009 година, Комисија за еднакви можности на жените и мажите

Јавна расправа на тема „Сексуално и репродуктивно здравје на младите во Република Македонија“

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. денеска организираше јавна расправа на тема „Сексуално и репродуктивно здравје на младите во Република Македонија“

повеќе...

Вторник, 8 декември 2009 година

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“

На 8 декември 2009 година (недела), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12,00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели наградата „Св. Климент Охридски“ за 2009 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Наградата во областа на воспитанието и образованието ќе им биде врачена на проф. д-р Елена Колева, класичен филолог и на проф. д-р Рамиз Абдули, историчар.

Наградата во областа на културата и уметноста ќе им биде врачена на д-р Коста Балабанов, историчар на уметност и Бранко Цветковски, писател.

Наградата во областа на здравството ќе му биде врачена на проф. д-р Лазар Лазаров, кардиолог.

повеќе...

Четврток, 22 октомври 2009 година

Учество на делегација на Собранието на Република Македонија на Парламентарното собрание на Медитеранот и Парламентот на Република Турција во Истанбул

На оваа сесија од Собранието на Република Македонија ќе учествуваат пратениците г. Сафет Незири, член на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот и г. Ванчо Коцев, заменик-член на делегацијата

повеќе...

Понеделник, 27 април 2009 година

Средба на претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска со г. Кристијан Хедберг, раководител на одделот за Република Македонија во Генералниот директорат за проширување на Европската комисија

На 28 април 2009 година, (вторник) ќе се одржи средба на Радмила Шекеринска, претседател на Националниот совет за евроинтеграции и г. Кристијан Хедберг, раководител на одделот за Република Македонија во Генералниот директорат за проширување на Европската комисија

повеќе...

  • 1
  •   
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.