Активности

Среда, 22 септември 2010 година, Национален совет за евроинтеграции

Јавна расправа по работната верзија на Предлог-законот за енергетика

Националниот совет за евроинтеграции денеска организираше Јавна расправа по работната верзија на Предлог-законот за енергетика, закон кој произлегува од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија-ревизија 2010.

Образложение на причините поради кои е подготвен нов закон за енергетика даде министерот за економија, г. Фатмир Бесими. Целта на донесувањето на новиот закон за енергетика е натамошно усогласување со европското законодавство од областа на енергетиката, односно директивите и регулативите кои се основни елементи од правната рамка на Договорот за основање на енергетска заедница, како и со цел натамошна либерализација на пазарите на енергија и создавање на услови за стабилен и одржлив енергетски сектор.

Со свои дискусии, предлози, коментари и забелешки учествуваа г-ѓа Радмила Шекеринска, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Силвана Бонева, потпретседател на Советот, г. Тито Петковски и г-ѓа Лилјана Поповска, пратеници во Собранието на Република Македонија, проф.Танаско Туневски од Машинскиот факултет, проф.д-р Константин Димитров, претставник од Центарот за енергетска ефикасност на Македонија, г. Дејан Зрмановски, претставник од ТЕ-ТО-Друштво за производство на електрична и топлинска енергија од Скопје, г. Гоце Јосифоски, претставник од Органик Петролеум-Скопје, д-р Петар Николовски, приватен консултант по енергетска ефикасност на згради, претставник од Институтот за стандардизација, г.Томе Костадиновски, претставник од Сојузот на стопански комори на Македонија, г.Лазар Гечевски, директор на Агенцијата за енергетика на Република Македонија и проф. д-р Арсе Арсенов од Факултетот за електротехника и информациски технологии.

поканаРаботната верзија на Предлог-закон за енергетиказаклучоцистенографски белешки

Click