Делегација на Комисијата за европски прашања во Белград...

Четврток, 15 септември 2016 година

Делегација на Комисијата за европски прашања во Белград

Делегација на Комисијата за европски прашања  на Собранието на Република Македонија, во состав Лидија Димова и Сашо Василевски на 16 септември ќе учествува  на Интерпарламентарна конференција на тема: „Надзор над ИПА фондовите: Успеси и предизвици", која ќе се одржи од 15 до 17 септември 2016 година во Белград, Република Србија.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Регионална конференција во Белград...

Среда, 7 септември 2016 година

Собраниска делегација на Регионална конференција во Белград

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Марјанчо Николов, претседател на Комисијата за финансирање и буџет, г. Љупчо Димовски, претседател на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Владанка Авировиќ, заменик на претседателот на Комисијата за економски прашања и г. Талат Џафери член на Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија ќе учествува на Регионална конференција на тема: „Зајакнување на регионалната соработка помеѓу парламентите од Западен Балкан со цел подобрување на менаџирањето со јавните финансии". 

Прочитај повеќе

Надзорна расправа на тема „Примената на законските и подзак...

Среда, 7 септември 2016 година

Надзорна расправа на тема „Примената на законските и подзаконските прописи во областа на хидромелиоративните системи и хидрометеоролошките работи“

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на 53. седница, ќе одржи надзорна расправа на тема „Примената на законските и подзаконските прописи во областа на хидромелиоративните системи и хидрометеоролошките работи“.

Прочитај повеќе

Положување венец свежо цвеќе, 7.9.2016...

Среда, 7 септември 2016 година

Положување венец свежо цвеќе

По повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија, собраниска  делегација во состав: г-ѓа Светлана Јакимовска, г. Љупчо Димовски, г-ѓа Лидија Димова и г-ѓа Роза Топузова-Каревска ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот „Паднати херои за Македонија", на 8 септември (утре), во 11.00 часот, во паркот „Жена борец“.

Прочитај повеќе

Доделување на државната награда „8. Септември“, 2016...

Среда, 7 септември 2016 година

Доделување на државната награда „8. Септември“

На 8 септември 2016 година (утре), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „8. Септември“ ќе врачи една награда за животно дело и четири награди за остварување во областа на спортот во 2016 година, кои се доделуваат на спортисти, тренери и спортски работници. 

Прочитај повеќе

Николоски денеска ќе учествува на состанокот на Бирото на ...

Понеделник, 5 септември 2016 година

Николоски денеска  ќе учествува на состанокот на Бирото на ПССЕ 

Пратеникот Александар Николоски, во својство на потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска во Париз ќе учествува на состанокот на Бирото на Парламентарното собрание на Советот на Европа. 

Прочитај повеќе

Доделување на државната награда „Мајка Тереза“, 23.8.2016...

Вторник, 23 август 2016 година

Доделување на државната награда „Мајка Тереза“

Државната награда „Мајка Тереза“, за особено значајни остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, се доделува на прим. д-р Димитар Котевски.
Прочитај повеќе

Положување цвеќе- Ден на Армијата на РМ...

Вторник, 16 август 2016 година

Положување цвеќе

По повод 18 Август - Ден на Армијата на Република Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Сашо Аќимоски, г. Стефан Богоев и г. Чедомир Саздовски ќе положи венци свежо цвеќе на градските гробишта „Бутел“ на 17 август 2016 година(среда), и тоа: 

Прочитај повеќе

Положување цвеќе 29.7.2016...

Петок, 29 јули 2016 година

Положување цвеќе

По повод 2 Август - Денот на Републиката, делегации на Собранието на Република Македонија ќе положат венци свежо цвеќе, и тоа: 

• Собраниска делегација предводена од г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Светлана Јакимовска, г-ѓа Лидија Димова, г. Љупчо Димовски и г-ѓа Роза Топузова Каревска ќе положи венец свежо цвеќе во Скопје: 

Прочитај повеќе

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ 25.716...

Понеделник, 25 јули 2016 година

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ 

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Драган Данев, г-ѓа Владанка Авировиќ и г-ѓа Софија Куновска по повод  53-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, утре (26 јули 2016 г.) во 10.00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на гробиштата „Бутел“.

Прочитај повеќе
123...16                 
Click