Милошоски и Мехмети на Конференција во Фиренца...

Четврток, 22 октомври 2015 година

Милошоски и Мехмети на Конференција  во  Фиренца

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Антонио Милошоски и претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Ермира Мехмети, ќе учествуваат на меѓународна Конференција на комисиите за европски прашања на Медитеранот, која ќе се одржи на 26 октомври 2015 година, во Фиренца, Италија.

Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе, 23 октомври 2015 год....

Четврток, 22 октомври 2015 година

Положување свежо цвеќе

По повод 23 Октомври - Ден на Македонската револуционерна борба, делегација на Собранието на Република Македонија во состав се: г-ѓа Марија Ангелов, г-ѓа Владанка Авировиќ и г-ѓа Солза Грчева, на 23.10.2015 година (петок), во 11.00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на Споменикот на основачите на ВМРО во Парк „Жена борец“.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Комисијата за европски прашања на ...

Вторник, 20 октомври 2015 година

Учество на делегација на Комисијата за европски прашања на КОСАП

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, во состав: претседател на Комисијата, г-ѓа Ермира Мехмети и член на Комисијата г-ѓа Лидија Димова, на 22-24 октомври 2015 година ќе учествува во работата на Конференцијата на Комисиите за европски прашања/интеграции на земјите во Процесот за стабилизација и асоцијација во ЈИЕ-КОСАП, што се одржува во Тирана, Република Албанија.

Прочитај повеќе

Доделување на државната награда „23 Октомври“ На 23 октомвр...

Понеделник, 19 октомври 2015 година

Доделување на државната награда „23 Октомври“

На 23 октомври 2015 година (петок), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ ќе ја додели државната награда „23 Октомври“ за 2015 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Пратеникот Талат Џафери на конференција во Сараево...

Четврток, 15 октомври 2015 година

Пратеникот Талат Џафери на конференција во Сараево

Во заедничка организација на Европскиот парламент, Регионалниот совет за соработка (RCC) и Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, на 15 и 16 октомври 2015 год., во Сараево, БиХ, се одржува Парламентарна конференција на тема: „Економско управување и креирање на работни места во Европската унија и во земјите на проширувањето".

Од Собранието на Република Македонија на оваа Конференција ќе учествува пратеникот Талат Џафери, член на Комисијата за финансирање и буџет.

Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе по повод државниот празник 11 Октомв...

Петок, 9 октомври 2015 година

Положување свежо цвеќе по повод државниот празник 11 Октомври 

По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, делегации на Собранието на Република Македонија, на 11.10.2015 година (сабота), ќе положат свежо цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово.

Прочитај повеќе

Делегација на Собранието на Република Македонија на Парламе...

Петок, 9 октомври 2015 година

Делегација на Собранието на Република Македонија на Парламентарното Собрание на НАТО

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од шефот на Делегацијата на Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација Ермира Мехмети, а во чиј состав се и членовите Павле Трајанов и Горан Сугарески, од 9 до 12 октомври ќе учествуваат на 61. Годишна сесија на Парламентарното Собрание на НАТО, што се одржува во Ставангер, Кралството Норвешка.

Прочитај повеќе

Доделување на државната награда „11 Октомври“...

Петок, 9 октомври 2015 година

Доделување на државната награда „11 Октомври“

На 11 октомври 2015 година (недела), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели наградата „11 Октомври“ за 2015 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Пратеникот Јамин Синани на Регионална конференција во Букур...

Среда, 7 октомври 2015 година

Пратеникот Јамин Синани на Регионална конференција во Букурешт

Во заедничка организација на Парламентарното собрание на Медитеранот, Европската унија, ОН и Парламентот на Романија на 8 и 9 октомври 2015 г. во Букурешт, Романија ќе се одржи Регионална работилница на тема: „Предизвиците од превентивниот кривично-правен одговор на тероризмот и странските воени платеници".

Прочитај повеќе

Николоски ќе претседава со пленарната сесија на ПС на Совет...

Понеделник, 28 септември 2015 година

Николоски ќе претседава со пленарната сесија на ПС на Совет на Европа посветена на мигрантската и бегалската криза во Европа

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија, г. Александар Николоски, ќе учествува на редовната есенска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која ќе се одржи од 28 септември до 2 октомври 2015 година, во Стразбур, Франција.  

Во текот на јануарската сесија Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија, г. Николоски беше избран за еден од претседателите на Парламентарното собрание на Советот на Европа за 2015 и 2016 година, според принципот на ротација.

Прочитај повеќе
1...567...16                 
Click