ПС на ПСЈИЕ распишува младински интернет натпревар во пишув...

Четврток, 3 декември 2015 година

ПС на ПСЈИЕ распишува младински интернет натпревар во пишување есеј

На 1 декември 2015 година Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ) го отвора Регионалниот младински натпревар во пишување есеј „Младите од Југоисточна Европа за просперитетот на регионот“. 

Прочитај повеќе

Доделување на државната награда „ Св. Климент Охридски“, 8....

Четврток, 3 декември 2015 година

Доделување на државната награда „ Св. Климент Охридски“

На 8 декември 2015 година (вторник), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „ Св. Климент Охридски “ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2015 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштита и унапредување на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Тринаесетти состанок на Мешовитиот комитет...

Понеделник, 30 ноември 2015 година

Тринаесетти состанок на Мешовитиот комитет

Согласно член 114 од Спогодбата за асоцијација и стабилизација на Република Македонија и Европската унија и според Деловникот на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија, 13.состанок на Мешовитиот комитет ќе се одржи на 3 и 4 декември 2015 година во Скопје, Република Македонија.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Регионална парламентарна конференц...

Среда, 25 ноември 2015 година

Собраниска делегација на Регионална парламентарна конференција во Jaхорина, Босна и Херцеговина

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав г. Марјанчо Николов, претседател на Комисијата за финансирање и буџет и пратениците г. Драган Цуклев, г. Jaмин Синани и г. Ѓорѓи Кoџабашиев, на 26 и 27 ноември 2015 година, ќе учествува на Регионална парламентарна конференција на тема: „Работење на зајакнување на регионалната соработка во Западен Балкан - постигнувања и перспективи".

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Интерпарламентарен семинар во Брис...

Вторник, 17 ноември 2015 година

Собраниска делегација на Интерпарламентарен семинар во Брисел

Во организација на Европскиот парламент, а во соработка со Европскиот народен правобранител, на 18 и 19 ноември 2015 година, во Брисел, Белгија, ќе се одржи Интерпарламентарен семинар на тема „Улогата на народниот правобранител во модерната парламентарна демократија: регионална перспектива“.

На семинарот ќе учествува Делегација од Собранието на Република Македонија во состав: г. Владимир Ѓорчев, претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците,  г. Емил Димитриев, член на Комисијата, г. Ернад Фејзула, член на Комисијата и г-ѓа Рената Дескоска, член на Комисијата.

Прочитај повеќе

Положување венци свежо цвеќе, 13.11.2015 ...

Петок, 13 ноември 2015 година

Положување венци свежо цвеќе 

По повод 13 Ноември - Денот на ослободување на Град Скопје, делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г-ѓа Даниела Рангелова, г. Стефан Богоев и г. Чедомир Саздовски, на 13 ноември 2015 година (денеска), ќе положи венци свежо цвеќе

Прочитај повеќе

Учество на седниците на Комитетот за политички прашања и Ко...

Понеделник, 9 ноември 2015 година

Учество на седниците на Комитетот за политички прашања и Комитетот за економски прашања во Трст

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива, г-ѓа Јулијана Силјановска и заменикот на членот на Делегацијата г-ѓа Лилјана Затуроска ќе учествуваат на седниците на Комитетот за политички прашања и Комитетот за економски прашања на 9 ноември 2015 година во Трст, Италија.

Прочитај повеќе

Потпретседателот Милошоски на меѓународна конференција во С...

Четврток, 5 ноември 2015 година

Потпретседателот Милошоски на меѓународна конференција во Софија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Антонијо Милошоски ќе учествува на меѓународната конференција на тема: „Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ) – регионални синергии, стратегиска соработка и парламентарна дипломатија“ и на седницата на Постојаниот комитет на ПС на ПСЈИЕ, што ќе се одржат од 5 до 7 ноември 2015 година во Софија, Република Бугарија. 

Прочитај повеќе

Пратеникот Николоски ќе ги набљудува парламентарните избори...

Петок, 30 октомври 2015 година

Пратеникот Николоски ќе ги набљудува парламентарните избори во Азербејџан

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Александар Николоски во името на Групата на Народни партии во ова меѓународно собрание, како дел на 30-члената Делегација, ќе ги набљудува парламентарните избори во Азербејџан, закажани за 1 ноември 2015 година. 

Пратеникот Николоски  учествува во повеќе предизборни и изборни мисии на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, и со својот активен ангажман придонесува во изготвувањето на завршните извештаи за оценување на изборите.

Прочитај повеќе

Пратеникот Алиу во мисија за набљудување на локалните избор...

Четврток, 22 октомври 2015 година

Пратеникот Алиу во мисија за набљудување на локалните избори во Украина

Пратеникот Имер Алиу како дел од 13-члена делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе учествува во мисијата за набљудување на локалните избори во Украина, закажани за 25 октомври 2015 година.

Прочитај повеќе
1...456...16                 
Click