Положување свежо цвеќе 26.2.2016...

Петок, 26 февруари 2016 година

Положување свежо цвеќе 

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Љупчо Димовски, г-ѓа Весна Дамчевска Илиевска, г. Александар Стојковски и г-ѓа Јагода Шахпаска, на 26 февруари 2016 година, (денеска) во 11.00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, на Алејата на великани, гробишта Бутел.
Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Зимската сесија на ПС на ОБСЕ во В...

Среда, 24 февруари 2016 година

Собраниска делегација на Зимската сесија на ПС на ОБСЕ во Виена

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав г-ѓа Рената Дескоска, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и г. Димитар Стевананџија, заменик-член на Делегацијата, ќе учествува на Зимската сесија на ПС на ОБСЕ, што ќе се одржи на 25 и 26 февруари 2016 година во Виена, Австрија. 

Прочитај повеќе

Учество на пратеникот Шпреса Хадри на КОСАК...

Понеделник, 8 февруари 2016 година

Учество на пратеникот Шпреса Хадри на КОСАК

Во организација на Холандското претседателство со Европската унија , во Хаг, Кралство Холандија од 7 февруари до 9 февруари 2016 година ќе се одржи состанок на претседателите на Комисиите за европски прашања на земјите-членки на Унијата и на земјите-кандидати за членство во Унијата. 

На овој состанок ќе учествува г-ѓа Шпреса Хадри, член на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Делегација на Собранието на Република Македонија на Молитве...

Вторник, 2 февруари 2016 година

Делегација на Собранието на Република Македонија на Молитвен појадок во Вашингтон

Собраниска делегација, предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на покана на американски конгресмени престојува во Вашингтон, каде што ќе учествува на 64. Молитвен појадок, традиционален, национален американски собир. 

Во состав на Делагацијата се потпретседателот на Собранието, г-ѓа Рената Дескоска и пратениците: г. Павле Саздов и г-ѓа Нора Алити.

Прочитај повеќе

Николоски на зимска сесија на Парламентарното собрание на С...

Понеделник, 25 јануари 2016 година

Николоски на зимска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

На редовната зимска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која се одржува од 25 до 29 јануари 2016 година во Стразбур, Франција, учествува Делегација на Собранието на Република Македонија во состав Александар Николоски, шеф на Делегацијата и Рената Дескоска и Ермира Мехмети, членови.

Прочитај повеќе

Доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ ...

Петок, 18 декември 2015 година

Доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

На 21 декември 2015 година (понеделник), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 14.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ ќе ја додели наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2015 година за остварување во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Учество на собраниска делегација на состанок на Енергетскат...

Петок, 11 декември 2015 година

Учество на собраниска делегација на состанок на Енергетската заедница

Во организација на Енергетската заедница, на 14 декември 2015 година во Виена, ќе се одржи состанок кој ќе биде посветен на формирањeтo на Парламентарен пленум на Енергетската заедница. 
Прочитај повеќе

Положување венец свежо цвеќе, 7.12.2015 ...

Понеделник, 7 декември 2015 година

Положување венец свежо цвеќе 

По повод државниот празник Св. Климент Охридски, делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Александар Стојановски, г-ѓа Владанка Авировиќ и г. Чедомир Саздовски, на 8 декември 2015 година, ќе положи венец свежо цвеќе на Споменикот на Свети Климент Охридски, во 11.00 часот, кај Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

Прочитај повеќе

Седница на Парламентарното собрание на Парламентарната диме...

Понеделник, 7 декември 2015 година

Седница на Парламентарното собрание на Парламентарната димензија на ЦЕИ

Во рамките на македонското претседавање со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), на 10 декември 2015 година, во Собранието на Република Македонија, ќе се одржи седница на Парламентарното собрание на ПД на ЦЕИ.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Интерпарламентарен семинар во Брис...

Понеделник, 7 декември 2015 година

Собраниска делегација на Интерпарламентарен семинар во Брисел

Во рамките на Програмата за поддршка на парламентите од земјите на Западен Балкан и Турција, во организација на Европскиот парламент, Генерален директорат за надворешна политика, во соработка со Комитетот за земјоделство, на 9 декември 2015 година во Брисел, Кралството Белгија, ќе се одржи Интерпарламентарен семинар на тема „Реформи од 2013 година на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП/CAP): импликации за земјите од проширувањето“.

Прочитај повеќе
1...345...16                 
Click