ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЈАКИМОВСКА, 28.2.2014...

Петок, 28 февруари 2014 година

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЈАКИМОВСКА НА ОТВоРАЊЕТО НА 51. МАВРОВСКИ МЕМОРИЈАЛ

Ме радува фактот што во знак на добро организираните досегашни натпревари, од балкански - регионален куп, Мавровскиот меморијал прерасна во континентален - европски куп со признание од Интернационалната скијачка федерација (ФИС) и што токму нашиот куп се вбројува во еден од најзначајните во Европа од овој тип

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со пратеници на германски...

Среда, 26 февруари 2014 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ПРАТЕНИЦИТЕ НА ГЕРМАНСКИОТ БУНДЕСТАГ, Г. ЈОХАНЕС ЗЕЛЕ И Г. ЈОСИП ЈУРАТОВИЌ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изрази задоволство од средбата и за можноста со колеги пратеници од германскиот Бундестаг да се разговараат за важни теми за Република Македонија и Европската Унија.

Прочитај повеќе

48. седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водо...

Среда, 12 февруари 2014 година

Четириесет и осма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 48. седница, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на законот за дополнување на Законот за земјоделското земјиште.

Прочитај повеќе

47.седница на Комисијата за економски прашања 12.2.14...

Среда, 12 февруари 2014 година

Четириесет и седма седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, во текот на вчерашниот ден ја одржа својата Четириесет и седма седница

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Вељаноски со г. Такао Макино...

Понеделник, 10 февруари 2014 година

Средба на претседателот Вељаноски со парламентарниот заменик-министер за надворешни работи на Јапонија, г. Такао Макино

Двајцата соговорници изразија задоволство од средбата, при што беше констатирано дека оваа посета претставува уште една потврда за добрите односи меѓу Република Македонија и Јапонија, кои секако и во иднина ќе продолжат да се развиваат во нагорна линија

Прочитај повеќе

46. седница на Комисијата за економски прашања 12.2.14...

Среда, 12 февруари 2014 година

Четириесет и шеста седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на  вчерашната Четириесет и шеста седница, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва.

Прочитај повеќе

Јавна расправа на Комисијата за економски прашања 7.2.14...

Петок, 7 февруари 2014 година

Јавна расправа на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Четириесет и петта седница, одржа јавна расправа по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка.

Образложение на Предлог-законот даде претставникот на предлагачот, заменик-министерот за економија, г. Христијан Делев.

При изработката на предложените измени и дополнување, најпрво биле опфатени проспекциските истражувања. Веќе неколку странски компании покажале интерес за проспекциско истражување на територијата на Република Македонија. Оваа проблематика досега не била опфатена и утврдена е голема потреба овој дел да биде регулиран.

Беше истакнато дека проспекциските истражувања се посебно битни во делот на енергетските суровини, посебно за истражување во делот на нафтата, гасот и јагленот.

Инаку, ова претставува многу скапа инвестиција и со донесувањето на законските решенија ќе се овозможи на меѓународните компании кои се заинтересирани, во една правна рамка да имаат можност да ја извршуваат дејноста во делот на геолошките истражувања.

Следната измена е во делот на искористувањето на термоминералните води, кои на територијата на Република Македонија не се искористени, односно делумно се користат.

Со оваа измена ќе се овозможи концесиите што се за термоминерални води да може делумно да се даваат и на други лица коишто ќе ги користат. Доколку се случи да има повеќе корисници, истото правно да биде регулирано.

Измени се направени и во делот на концесиите. Со предвидените измени ќе се заштити државниот интерес и концесиите ќе си ја добијат својата реална вредност. Од тие причини, во Законот за минерални суровини се опфаќа и проценката на бизнис потфатот, односно на вложените средства во таа концесија, како би се овозможило преносот да биде реален. 

Во претресот учествуваа: претседателот на  Комисијата за економски прашања, г-ѓа  Владанка Авировиќ; заменик-министерот за економија, г. Христијан Делев; г. Новица Столиќ, директор на Геолошкиот Завод на Република Македонија; г. Николајчо Николов, претседател на Македонската асоцијација за рударство и директор на рудниците Бучим од Радовиш; претставници на Македонската асоцијација за рударство, како и професорите на Рударскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип: г. Ристо Дамбов и г. Орце Стефковски.

Јавната расправа по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, претставуваше добра можност за членовите на Комисијата за економски прашања, претставниците од Министерството за економија, стопанствениците, научните работници, експертите од областа на геологијата и рударството и слично, да ги искажат своите мислења, предлози, сугестии, забелешки и слично, сè со цел и во интерес на донесување на еден квалитетен Закон.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на 62. Национален молитвен појадок во...

Четврток, 6 февруари 2014 година

Собраниска делегација на 62. Национален молитвен појадок во Вашингтон

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од потпретседателот на Собранието, г-ѓа Сузана Салиу, а во чиј состав беа и пратениците: г-ѓа Силвана Бонева, г. Владимир Ѓорчев и г. Андреј Петров, учествуваше на 62. Национален молитвен појадок во Вашингтон.

Прочитај повеќе

Семинар во Брисел, 20.2.2014...

Четврток, 20 февруари 2014 година, Брисел

Семинар на тема: Иницијативите и напорите на земјите од Западен Балкан и Турција за здравјето и заштитата на потрошувачите”

Делегација на Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија, во состав од пратениците Станка Анастасова, Миле Пачемски и Беким Ќоку, присуствува на парламентарен семинар, кој се одржува во Брисел, Белгија.

Семинарот е во организација на Европскиот парламент на тема: „Иницијативите и напорите на земјите од Западен Балкан и Турција за здравјето и заштитата на потрошувачите”. Воведно излагање за улогата и позицијата на Европскиот парламент во законодавството за здравството и заштитата на потрошувачите, како и нивна имплементација, даде г-ѓа Рената Сомер, пратеник во Европскиот парламент и член на Комитетот за јавно здравје и безбедност на храната.

Покрај другите учесници на семинарот, со свои дискусии учествуваа и пратениците Станка Анастасова и Миле Пачемски. Во својата дискусија, пратеникот Станка Анастасова ја нагласи улогата на здравството во контекст на европската иднина на регионот, заштитата на квалитетот на храната, како и надзорот и превенцијата на епидемиите, со посебен осврт кон ГМ-храната.

Пратеникот Миле Пачемски ги истакна приоритетните цели во здравствената дејност на Република Македонија, како и регулацијата на заштитата на потрошувачите преку интегриран систем за безбедност на храна.

Прочитај повеќе

Игор Ивановски набљудувач во Србија, 19.2.2014...

Среда, 19 февруари 2014 година

Пратеникот Игор Ивановски набљудувач на вонредните парламенти избори во Србија

Пратеникот Игор Ивановски, во својство на пратеник во Парламентарното собрание на Совет на Европа и член на мониторинг комисијата е назначен од име на Групата на социјалистите за член на ад хок комисијата која ќе ја посети Република Србија на 19 и 20 февруари 2014 година, во предизборна мисија, пред одржувањето на предвремените парламентарни избори закажани за 16 март 2014 година

Прочитај повеќе
1...535455...58                                                           
Click