Претседателот Вељаноски ги прими годинешните стипендисти на...

Понеделник, 17 февруари 2014 година

Претседателот Вељаноски ги прими годинешните стипендисти на ИПС Програмата

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, како покровител на Програмата – Меѓународна парламентарна стипендија (ИПС) на германскиот Бундестаг, денеска ги прими годинешните стипендисти од Република Македонија, Ивана Васева и Дејан Чуповски, предводени од амбасадорот на СР Германија, г-ѓа Гудрун Штајнакер

Прочитај повеќе

Ново издание на „Мојот пратеник“ 14,2,14...

Петок, 14 февруари 2014 година

Ново издание на „Мојот пратеник“

Традиционално, по тринаесетти пат, Собранието на Република Македонија ja издаде публикацијата „Мојот пратеник“ за периодот јули - декември 2013 година. Публикацијата претставува статистички преглед на збирни податоци за работата на пратениците во македонскиот законодавен дом, според одредени параметри

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски го прими амбасадорот Белели...

Петок, 14 февруари 2014 година

Претседателот Вељаноски го прими амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, г. Ернесто Масимино Белели

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на средбата истакна дека Република Македонија и Република Италија имаат одлична билатерална соработка. Сепак, двајцата соговорници се согласија дека е потребна поголема парламентарна соработка, не само на ниво на претседатели на Парламенти, туку и на ниво на пратенички групи за соработка, како и соработка на ниво на парламентарни комисии.

Прочитај повеќе

Собраниската делегација во посета на Брисел 14,2,14...

Петок, 14 февруари 2014 година, Брисел

Собраниска делегација во посета на Брисел

Собраниската делегација во чиј состав се пратениците Антонио Милошоски, Александар Спасеновски, Христина Рунчева, Сузана Салиу и Ермира Мехмети, која што на почетокот на неделава го посети Берлин и оствари средби со пратеници од германскиот Бундестаг, деновиве престојува во седиштето на Европската унија, Брисел

Прочитај повеќе

Делегација во посета на Берлин, 11.2.2014...

Вторник, 11 февруари 2014 година, Берлин

Делегација на Собранието во посета на Берлин

Делегација на Собранието на Република Македонија во чиј состав се пратениците: г. Антонио Милошоски, г. Александар Спасеновски, г-ца Христина Рунчева, г-ѓа Сузана Салиу и г-ѓа Ермира Мехмети деновиве е во посета на Берлин, СР Германија

Прочитај повеќе

44.седница на Комисијата за економски прашања 6.2.14...

Четврток, 6 февруари 2013 година

Четириесет и четврта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и четвртата седница, одржана на 4 февруари 2014 година, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за стечај, по скратена постапка

Прочитај повеќе

95 седница на Комисијата за финансирање и буџет 6.2.14...

Четврток, 6 февруари 2014 година

Деведесет и петта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на 95. седница, одржана на 4 февруари, како матично работно тело ги разгледа

Прочитај повеќе

Клубот на пратенички, 5.2.2014...

Среда, 5 февруари 2014 година

Клубот на пратенички одржа сесија за стратешко планирање

Клубот на пратенички, во соработка со Националниот демократски институт, на 3 февруари 2014 година, одржа сесија за стратешко планирање.

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски со претставници на средствата за ја...

Среда, 5 февруари 2014 година

Претседателот Вељаноски на средба со претставници на средствата за јавно информирање

Претседателот Вељаноски оствари средба со претставници на средствата за јавно информирање, на која ги информираше присутните за сработеното во Собранието на Република Македонија за 2013 година, за вкупно одржани пленарни седници, вкупно донесени закони и други акти, поднесени амандмани, одржани седници на работните тела, податоци за присутност на јавноста во работењето на Собранието, сите дел од содржината на Годишниот извештај за работата на Собранието на Република Македонија за 2013 година

Прочитај повеќе

79, седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија 4...

Вторник, 4 февруари 2014 година

Седумдесет и деветта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 79. седница, одржана на 31 јануари 2014 година, како матично работно тело ги разгледа:

Прочитај повеќе
1...545556...58                                                           
Click