Изјава по повод распишувањето на избор за претседател на РМ...

Сабота, 1 февруари 2014 година

Изјава на претседателот Вељаноски по повод распишувањето на избор за претседател на Република Македонија

Уставната одредба предвидува дека изборот за претседател на Република Македонија се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Имајќи предвид дека на 20 април е големиот христијански празник - Воскресение Христово, почитувајќи ги чувствата на сите верници од христијанска вероисповед и водејќи сметка тогаш да не биде ниту првиот, ниту вториот круг, одлучив изборот за претседател на Република Македонија да биде на 13 април 2014 година

Прочитај повеќе

Промовирана Брошурата за работата на Комисијата за еднакви ...

Петок, 31 јануари 2014 година

Промовирана Брошурата за работата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, на Триесеттата седница, ја промовираше Брошурата за работата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија (2006 – 2013)

Прочитај повеќе

47. седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водо...

Петок, 31 јануари 2014 година

Четириесет и седма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 47. седница, како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлогот на законот за дополнување на Законот за земјоделското земјиште

Прочитај повеќе

78 седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија 29...

Среда, 29 јануари 2014 година

Седумдесет и осма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 78. седница, одржана на 27, 28 и 29 јануари 2014 година, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлог-закон за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини (прво читање);
  2. Предлог - закон за изменување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај (прво читање);
  3. Предлог - национална програма за железничка инфраструктура 2014 – 2016;
  4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градење (второ читање);
  5. Статутарна одлука за изменување на Статутот на Агенцијата за електронски комуникации (прва фаза);
  6. Годишна програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2014 година.

На седницата на Комисијата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа г. Стево Темелковски, заменик на министерот за животна средина и просторно планирање, г. Џелал Бајрами, заменик на министерот за транспорт, врски и екологија, г-ѓа Гордана Клинчарова, претседателот на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации и г. Роберт Ордановски, директорот на Агенцијата за електронски комуникации.

Претставниците на Владата, ја нагласија потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

Во однос на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, беа поднесени вкупно 13 амандмани од овластените предлагачи, од кои осум беа усвоен и вградени во Дополнет предлог на законот, додека пет амандмани не беа усвоени.

На крајот од расправата, Комисијата оцени дека Предлог законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Прочитај повеќе

94. седница на Комисијата за финансирање и буџет 28,1,14...

Вторник, 28 јануари 2014 година

Деведесет и четвртата седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на денешната Деведесет и четврта седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа

Прочитај повеќе

Учество на јануарската сесија на ПССЕ 27,1,14...

Понеделник, 27 јануари 2014 години, Стразбур

Собраниска делегација на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Шефот на Македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Александар Николоски беше избран за потпретседател на Мониторинг комисијата, додека членот на Делегацијата, г. Игор Ивановски за член на истата Комисија

Прочитај повеќе

Учество на Конференцијата на претседатели на Комисиите за е...

Понеделник, 27 јануари 2014 година, Атина, Грција

Учество на Конференцијата на претседатели на Комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ-КОСАК

Во рамките на Грчкото претседателство со Европската унија, претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, денеска учествува на Конференцијата на претседателите на Комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ-КОСАК, што се одржува во Атина, Грција

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски на средби со македонската заедница...

Сабота, 25 јануари 2014 година, Хрватска

Претседателот Вељаноски на средби со македонската заедница во Република Хрватска

Претставниците на македонската заедница во Република Хрватска ги запознаа претседателот Вељаноски и членовите на собраниската делегација со својата организираност во здруженија и друштва, со нивната работа, активностите и проектите кои ги реализираат.

Прочитај повеќе

Претседателот Вељаноски во официјална посета на Република Х...

Петок, 24 јануари 2014 година, Хрватска

Претседателот Вељаноски во официјална посета на Република Хрватска

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, на покана на својот колега, претседателот на хрватскиот Сабор, г. Јосип Леко, престојува во официјална посета на Република Хрватска. Во состав на собраниската делегација се и пратениците: г. Фијат Цаноски, кој е претседател на Групата за соработка на Собранието на Република Македонија со хрватскиот Сабор, како и г. Александар Николоски и г. Недим Рамизи, членови на Групата.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Вељаноски во хрватскиот Сабор...

Петок, 24 јануари 2014 година, Загреб, Хрватска

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ВО ХРВАТСКИОТ САБОР

Најнапред дозволете да го споделам моето искрено задоволство од можноста што ја имам, во името на граѓаните на Република Македонија, да се обратам пред овој ценет собор.
Со огромен пиетет и почит стојам тука пред Вас, претставниците на хрватскиот народ и граѓани.
Чувството на задоволство е дотолку поголемо, бидејќи со себе ги носам за да ги споделам со вас, искрените изрази на пријателство и почитување од граѓаните на мојата држава, Македонија.
Македонците и Хрватите имаат безброј причини за задоволство од квалитетот на меѓусебните односи

Прочитај повеќе
1...55565758                                                           
Click