
Понеделник, 28 ноември 2016 година
Отворен ден во Собранието на Република Македонија
На 25 ноември 2016 година се одржа Отворен ден за посета на Собранието на Република Македонија.
Ова претставуваше можност 693 посетители, организирани во 17 групи, да го разгледаат свечениот дел на зградата на законодавниот дом, како значајно обележје на македонската државност.