
Петок, 16 септември 2016 година
Размена на искуства за искористување на европските фондови
Во рамките на Интерпарламентарната конференција на тема: „Надзор над ИПА фондовите: Успеси и предизвици", која во организација на Европскиот парламент се одржува денеска во Белград, учествува делегација на Собранието на Република Македонија, во состав, г-ѓа Лидија Димова, претседателка на Националниот совет за евроинтеграции и г. Сашо Василевски, член на Комисијата за европски прашања.
На Конференцијата, со која претседаваше претседателката на Одборот за европски интеграции, г-ѓ Маринка Тепиќ, беа разменети информации во врска со различните практики и искуства, во насока на подобрување на степенот на искористување на овие европски фондови.