Работна средба на претседателот Џафери со амбасадорот на Ро...

Понеделник, 4 февруари 2019 година 

Работна средба на претседателот Џафери со амбасадорот на Романија, Н.Е. Виорел Станила

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, на работната средба со романскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Виорел Станила разговараше за редовните активности на законодавниот дом во периодот по усвојувањето на уставните измени и актуелното заокружување на следните фази кои произлегуваат од Договорот помеѓу нашата држава и Република Грција.

Прочитај повеќе

Работна средба на претседателот Џафери со унгарскиот амбаса...

Петок, 1 февруари 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со унгарскиот амбасадор Н.Е.Лазло Иштван Дукс 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери на работната средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Н.Е. Лазло Иштван Дукс, покрај заедничката констатација за успешно завршените обврски од Преспанскиот договор, за кои амбасадорот упати срдечни честитки, разговараа и за другите тековни активности кои се дел од надлежностите на законодавниот дом. 

Прочитај повеќе

Работна средба на претседателот Џафери со полскиот амбасад...

Петок, 1 февруари 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со полскиот амбасадор Н.Е. Војциех Тицињски

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска имаше работна средба со амбасадорот на Полска во Република Македонија, Н.Е. Војциех Тицињски. По честитките од страна на амбасадорот за успешно завршениот дел од обврските од Преспанскиот договор од двете страни на овој договор, преостанува само да се чека денот кога ќе се заврши процесот на ратификација на Протоколот за членство во НАТО од страна на сите земји членки на овој сојуз. Според темпото со кое се одвива оваа фаза, предвидувањата се дека Македонија кон крајот на оваа година а почетокот на следната, веќе ќе биде полноправна членка на оваа организација.

Прочитај повеќе

Џафери: 8 февруари е денот на распишување на претседателски...

Четврток, 31 јануари 2019 година

Џафери: 8 февруари е денот на распишување на претседателските избори

Денот на распишување на претседателските избори е 8 февруари 2019 година, соопшти претседателот на Собранието, г. Талат Џафери на денешната редовна средба со претставниците на медиумите. Собранието ќе ги извршува своите обврски се до почеток на законски предвидената изборна кампања. Изборите ќе се одржат на 21 април првиот круг и 5 мај 2019 година вториот круг. 

Прочитај повеќе

Работна средба на претседателот Џафери со италијанскиот амб...

Среда, 30 јануари 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со италијанскиот амбасадор Н.Е. Карло Ромео

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери имаше работна средба со италијанскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Карло Ромео. Амбасадорот му честиташе на претседателот Џафери за успешното усвојување на уставните измени и потврди дека сега откако и грчкиот парламент го спроведува својот дел од Договорот од Преспа, патот на Република Македонија кон полноправно членство во НАТО и отворање преговори со ЕУ е навистина блиску и се наѕира.

Прочитај повеќе

Работна средба на претседателот Џафери со амбасадор на Соју...

Вторник, 29 јануари 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Н.Е. Томас Герберих

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска имаше работна средба со германскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Томас Герберих.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со министерот за надворешни ...

Понеделник, 28 јануари 2019 година

Средба на претседателот Џафери со министерот за надворешни работи на Република Литванија, Линас Линкевичиус

Претседателот на Собранието на Република Македонија, посакувајќи му добредојде на гостинот, изрази задоволство и благодарност до Литванија за целокупната досегашна поддршка на нашиот евроатлански, при што ја потенцираше и соработката во рамките на Вилнус групата.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Собрание...

Среда, 23 јануари 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Собранието на Црна Гора, г. Иван Брајовиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денес го пречека претседателот на Собранието на Црна Гора, г. Иван Брајовиќ кој е во прва официјална посета на Република Македонија а воедно е и прв претседател на црногорското Собрание од прогласувањето на независноста на Црна Гора во 2006 година кој што ја посетил земјава.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со генералниот секретар на С...

Вторник, 22 јануари 2019 година

Средба на претседателот Џафери со генералниот секретар на Советот за регионална соработка Брегу

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, оствари средба со новиот Генерален секретар на Советот за регионална соработка (СРС) Мајлинда Брeгу, во рамките на нејзината посета на Република Македонија.

Претседателот Џафери ѝ го честита на Брегу назначувањето на функцијата и ѝ посакa успех во напорите за зајакнување на регионалната соработка во Југоисточна Европа. 
Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА НА ...

Понеделник, 21 јануари 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА, КАРЛ ЕРЈАВЕЦ

Претседателот Џафери се заблагодари за поддршката што Република Словенија ја дава за членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ. 
Прочитај повеќе
1...161718...40                                         
Click