Средба на претседателот Џафери во Словенија...

Понеделник, 11 февруари 2019 година

Средба на претседателот Џафери со Комисијата за прашања на ЕУ, Комисијата за одбрана и Групата за пријателство во Државниот Збор на Република Словенија

Делегацијата предводена од претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, а во состав од претседателката на Пратеничката група за соработка со парламентот на Република Словенија, г-ѓа Нада Ципушева и членовите г-ѓа Фросина Ташевска Ременски и г-ѓа Шпреса Хадри, оствари средба со Комисијата за прашања на Европската унија, Комисијата за одбрана и Групата за пријателство во Државниот збор на Република Словенија.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со премиерот на Република Сл...

Понеделник, 11 февруари 2019 година

Средба на претседателот Џафери со премиерот на Република Словенија, г. Марјан Шарец

Во продолжение не официјалната посета на Република Словенија, Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери и делегацијата се сретнаа со Претседателот на Владата на Република Словенија, г. Марјан Шарец.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИК...

Понеделник, 11 февруари 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА, Г. БОРУТ ПАХОР

Претседателот Џафери изрази благодарност за поддршката на Република Словенија во напорите за интегрирање на Република Македонија во НАТО и ЕУ. Тој истакна дека, земјата е свесна за патот кој што го помина, и тежината на одлуките нема да ги промени чувствата на граѓаните туку напротив, ќе ги зближи повеќе, преку заемна почит и разбирање.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Државнио...

Понеделник, 11 февруари 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Државниот Збор, г. Дејан Жидан

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, и делегацијата  составена од претседателката и членовите на Пратеничката група за соработка на Собранието на Република Македонија со Парламентот на Република Словенија, г-ѓа Фросина Ташевска Ременски, г-ѓа Нада Ципушева и г-ѓа Шпреса Хадри, својата официјална посета во Република Словенија ја започнаа со средбата со домаќинот, претседателот на Државниот збор на Република Словенија, г. Дејан Жидан. 

Прочитај повеќе

Членовите на Антикорупциска дадоа свечени изјави ...

Петок, 8 февруари 2019 година

Членовите на Антикорупциска дадоа свечени изјави 

За претседателка на Комисијата е избрана ревизорката Билјана Ивановска. За членови се избрани Владимир Георгиев, државен советник на секретаријатот на  Комисијата за спречување на корупција, Софка Пејовска Дојчиновска, раководител на сектор во Комисијата за  спречување на корупцијата,  Катица Николовска ревизор, Нури Бајрами вработен во Општина Гостивар, новинарот Горан Трпеноски и Салаи Шемши вработен во Општина Врашчиште.
Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО АМБАСАДОРКАТА НА ВЕЛИКА Б...

Среда, 6 февруари 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО АМБАСАДОРКАТА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, Н.Е. РЕЈЧЕЛ ГАЛОВЕЈ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денес имаше работна средба со амбасадорката на Велика Британија во Република Македонија, Н.Е. Рејчел Галовеј. Претседателот Џафери ја информираше амбасадорката за активностите на законодавниот  дом, за ратификацијата на Договорот од Преспа, реформските процеси и процесот на  одржување на претседателските избори.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г. Дамир Крстичевиќ...

Вторник, 5 февруари 2019 година

Средба на претседателот Џафери со заменикот на претседателот на Владата на Република Хрватска и министер за одбрана, г. Дамир Крстичевиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со заменикот на претседателот на Владата на Република Хрватска и министер за одбрана, г. Дамир Крстичевиќ, кој престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија. На средбата присуствуваше и пратеникот Павле Богоевски во својство на член на Комисијата за одбрана и безбедност. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со генералниот секретар на Ц...

Вторник, 5 февруари 2019 година

Средба на претседателот Џафери со генералниот секретар на ЦЕИ, Роберто Антоњоне 

На денешната средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, со генералниот секретар на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), италијанскиот сенатор Роберто Антоњоне, кој престојува во работна посета на Република Македонија, беа разменети повеќе информации и мислења околу досегашната и идна соработка на нашата земја во рамките на ЦЕИ.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со амбасадорот Бејли и новат...

Понеделник, 4 февруари 2019 година

Средба на претседателот Џафери со амбасадорот Бејли и новата директорка на канцеларијата на УСАИД во Скопје, г-ѓа Гречен Биркл

На средбата се дискутираше за досегашната соработка помеѓу Собранието на Република Македонија и Американската организација за меѓународен развој (УСАИД), како што се проектите реализирани преку Националниот демократски институт (НДИ), кои ја поддржуваат работата на Собранието на Република Македонија преку програми кои се финансирани од оваа организација. 
Прочитај повеќе

Работна средба на претседателот Џафери со амбасадорот на Хо...

Понеделник, 4 февруари 2019 година

Работна средба на претседателот Џафери со амбасадорот на Холандија, Н.Е. Воутер Пломп

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери оствари работна средба со холандскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е Воутер Пломп кој што му упати честитки на претседателот Џафери за успешното усвојување на измените во Уставот на Република Македонија, како клучен фактор за понатамошниот процес на интегрирање на нашата држава кон НАТО заедницата. Секако дека гласањето и позитивниот исход од страна на Република Грција придонесува во исполнувањето на нашите стратешки цели од прогласувањето на независноста на нашата држава.

Прочитај повеќе
1...151617...40                                         
Click