Четвртта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и...

Четврток, 21 декември 2017 година

Четврта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 4. седница како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за ловството (поднесен од пратениците: Емил Димитриев, Нола Исмајлоска Старова и Крсто Мукоски).

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Демократ...

Среда, 20 декември 2017 година, Тирана

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Демократската партија на Албанија, г. Љуљзим Баша

Претседателот Џафери истакна дека од особена важност е негувањето на добрососедските односи со пријателска Албанија, бидејќи двете земји споделуваат заеднички интереси. Во таа насока, претседателот Џафери истакна дека Република Македонија и Република Албанија имаат иста стратешка определба – целосна интеграција во Европската унија и за тоа треба да придонесуваат сите политички чинители. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Албанија...

Среда, 20 декември 2017 година, Тирана

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Република Албанија, г. Илир Мета 

Средбата се одвиваше во пријатна и топла атмосфера, што е знак на одличните билатерални односи меѓу двете соседски земји кои немаат помеѓу себе отворени прашања и тоа беше заедничка констатација на обострано задоволство на двете страни. 
Прочитај повеќе

Пратеникот Адеми се сретна со г. Наит Хасани...

Среда, 20 декември 2017 година

Пратеникот Адеми се сретна со г. Наит Хасани

Претседателот на Комисијата за локална самоуправа, г. Џеват Адеми, денеска оствари средба со претседателот на Комисијата за локална самоуправа на Република Косово, г. Наит Хасани, кој престојува во кратка работна посета на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Претседателот Џафери во официјална посета на Република Алба...

Среда, 20 декември 2017 година, Тирана

Претседателот Џафери во официјална посета на Република Албанија 

На покана од претседателот на Собранието на Република Албанија, г. Грамоз Ручи, Делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, е во официјална посета на Република Албанија. Во состав на делегацијата се пратениците кои се воедно и членови на Групата за соработка со Парламентот на Албанија: г. Ејуп Алими, г-ѓа Бети Рабаџиевска-Наумовска и г. Реџеп Мемеди.

Прочитај повеќе

Јавна расправа на тема: „Предлог на закон за изменување на ...

Среда, 20 декември 2017 година

Јавна расправа на тема: „Предлог на закон за изменување на Законот за заштита од пушење“

Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија одржа јавна расправа на тема: „Предлог на Закон за изменување на Законот за заштита од пушење“. Со седницата раководеше претседателката на Комисијата за здравство, Мирсада Емини Асани, која истакна дека излагањата на јавната расправа треба да бидат квалитетна основа во  подобрувањето на законските решенија на законот.

Прочитај повеќе

Средба на пратеникот Попоски со г. Сијарто...

Понеделник, 18 декември 2017 година

Средба на пратеникот Попоски со г. Сијарто

Претседателот на Советот за евроинтеграции при Собранието на Република Македонија, г. Никола Попоски, денес оствари средба со министерот за надворешни работи на Унгарија, г. Петер Сијарто, во рамки на неговата официјална посета на Македонија.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со министерот за надворешни ...

Понеделник, 18 декември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, г. Петер Зијарто  

Денеска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, г. Петер Зијарто. 

Претседателот Џафери, посакувајќи му добредојде на гостинот, изрази задоволство од пријателските односи помеѓу двете земји, со констатација дека немањето отворени прашања претставува добра основа за градењето и понатамошното продлабочување на соработката на сите нивоа, вклучително и на парламентарно ниво. 

Прочитај повеќе

Учество на пратеникот Локвенец на седница на Постојаниот ко...

Сабота, 16 декември 2017 година, Љубљана

Учество на пратеникот Локвенец на седница на Постојаниот комитет на ПС на ПСЈИЕ

Господинот Хари Локвенец учествуваше во дискусијата на тема: „Натамошен развој и перспективи на Парламентарното собрание на ПСЈИЕ“. Тој изрази уверување дека членовите на Парламентарното собрание се подготвени да придонесат за зацврстувањето и натамошниот развој на ПСЈИЕ, кој претставува автентичен глас на регионот, а во европски контекст е прифатен како динамичен и перспективен политички форум за дијалог и соработка.
Прочитај повеќе

Претседателот Џафери му оддаде почит на романскиот крал Мих...

Сабота, 16 декември 2017 година

Претседателот Џафери му оддаде почит на романскиот крал Михаил Први 

Денес со највисоки државни и воени почести беше погребан кралот Михаил Први на Романија.

Делегацијата на Република Македонија составена од претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и вицепремиерот Кочо Анѓушев, придружувана од амбасадорот на Република Македонија во Романија, му оддадоа почит на Кралот на мисата која што се одржа во Кралската палата.

Прочитај повеќе
1...949596...117                                                                                                                      
Click