Активности

Понеделник, 10 мај 2021 година

Средба на претседателот Џафери со претседателката на Грузија, Зурабишвили 

Тој го поздрави и денешното потпишување на „Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Грузија за укинување на визите“ и Меморандумот за соработка во областа на културата меѓу двете министерства за култура со зборовите „Ме радува потпишувањето на овие Спогодби, тоа ќе биде убава можност за подобра комуникација и соработка меѓу двете земји.“

повеќе...

Понеделник, 10 мај 2021 година

Надзорна посета на Комисијата за надзор над работата на АНБ и на АР

Целта на посетата беше пратениците да се запознаат со придобивките од новиот закон за АР, изгласан на 25 јануари 2021 година, местото и улогата на АР во безбедносно–разузнавачката заедница, како и новата организациска структура.

повеќе...

Понеделник, 10 мај 2021 година

Обраќање на претседателот Џафери на Конференцијата на претседатели на парламенти на Европската унија на тема:„Предизвиците и можностите за репрезентативната демократија што ги носи јавната сфера која е променета со дигитализацијата“

Почитувани, 
Секако дека дигитализацијата ќе дојдеше кога тогаш, имајќи го предвид забрзаниот технолошки развој, глобализацијата, потребата од нелимитиран простор за истражување, работење, учество на глобалниот пазар на трудот, образованието, услугите и креирањето на јавното мнение по одредени конкретни меѓутоа и генерални прашања. 

повеќе...

Понеделник, 10 мај 2021 година

УЧЕСТВО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРЛАМЕНТИ НА ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска учествуваше на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите членки на ЕУ, во организација на Бундестагот на Сојузна Република Германија, која заради пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, се одржа во виртуелен формат. На конференцијата учествуваа 33 претседатели од националните парламенти на земјите членки на ЕУ, 3 претседатели од земјите кандидати за членство, од Европскиот парламент и 3 претседатели од европски земји кои не се членки на ЕУ како набљудувачи.

повеќе...

Понеделник, 10 мај 2021

Положување цвеќе по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот

Делегација на Собранието, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав Снежана Калеска-Ванчева и Бети Стаменковска-Трајкоска, по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот, на 9 мај 2021 година (недела), во 08:30 часот, положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта - Градски гробишта Бутел.

повеќе...

Петок, 7 мај 2021 година

Четиринаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија, на денешната 14. Седница, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:

1. Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти;
2. Предлог закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти;

повеќе...

Четврток, 6 мај 2021 

Обраќање на претседателот Џафери на продолжувањето на Обуката за превод и толкување организирана од Агенцијата за примена на јазикот на РСМ

Имам чест и задоволство што денеска можам да ве поздравам во новите простории на Агенцијата за примена на јазикот на Република Северна Македонија, и тоа, на продолжувањето на следниот настан на оваа Агенција, која, ќе кажам со полна сигурност дека од мигот кога се официјализираше со закон нејзиното основање и почетокот со работа, го оправда своето постоење и продолжува и понатака, со енергија за восхит, да  ги спроведува потребните активности за почитување на законските одредби и уставните права и обврски на сите страни.

повеќе...

Среда, 5 мај 2021

Средба Касами - Шидер

Копретседателот на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Република Северна Македонија, Биљал Касами, оствари средба со австрискиот пратеник во Европскиот парламент, Андреас Шидер. На средбата присуствуваше и пратеникот Кастриот Реџепи.

повеќе...

Среда, 5 мај 2021

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ЕВРОПРАТЕНИКОТ АНДРЕАС ШИДЕР

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со европратеникот Андреас Шидер, копретседавач на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ и дел од тројцата европратеници задолжени за Дијалогот Жан Моне.

повеќе...

Вторник, 4 мај 2021

ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

По повод 118 години од смртта на Гоце Делчев, собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски, во состав: Даниела Маркоска и Велика Стојкова-Серафимовска, во црквата „Свети Спас“, на гробот на Гоце Делчев, положи венец свежо цвеќе.

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 28
  •                              
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.