Активности

Понеделник, 6 септември 2021 година

Литванска поддршка за патот кон ЕУ

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, г. Арбер Адеми, заедно со членовите на Комисијата, денеска, имаа средба со парламентарната делегација  на Групата за Интер-парламентарна соработка со земјите на Западен Балкан, на Република Литванија, предводена од шефот на Делегацијата, г. Ажубали, а во чиј состав беа и г.Ракутис, г. Вилкаускас и  г-ѓата Јурате Јагуцкиене, амбасадор на Република Литванија во Република Северна Македонија.

повеќе...

Понеделник, 6 септември 2021

Средба на Комисијата за надворешна политика со делегација од ливанскиот Парламент

Членовите на Комисијата за надворешна политика остварија работна средба со Групата за Интер-парламентарна соработка со земјите на Западен Балкан на Парламентот на Република Литванија, а во придружба на Н.Е Јурате Јагуцкиене, амбасадор на Република Литванија за Република Северна Македонија.

повеќе...

Понеделник, 6 септември 2021

Средба на Претседателот Џафери со делегација на Литванскиот Парламент 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денес оствари средба со делегација на Литванскиот Парламент предводена од Аудрониус Ажубалис, шеф на Делегацијата и потпретседател на Меѓу-парламентарната група за соработка со земјите од Западен Балкан на Литванскиот парламент. 

повеќе...

Среда, 1 септември 2021

Учество на генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова на Регионалниот форум на генерални секретари од Западен Балкан

Генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, учествува на Регионалниот форум на генерални секретари од Западен Балкан, Атина, Грција, 31 август - 2 септември 2021 година.

повеќе...

Вторник, 31 август 2021

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ДЕНДИАС

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Дендиас, кој престојува во официјална посета во нашата земја. Во фокусот на средбата беше билатералната соработка меѓу двете земји и можностите за нејзино унапредување во иднина.

повеќе...

Понеделник, 30 август 2021

Прва редовна координација по колективниот одмор

Денес во Собранието, на првиот работен ден по враќањето од колективниот одмор на пратениците и ПСРСМ Џафери, се одржа првата редовна координација која што беше во полн состав.

повеќе...

Петок, 20 август 2021

Учество на светкиот настан за ЛГБТИ правата

Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛБТИ заедницата на Собранието, предводена од координаторката Маја Морачанин, заменик-координаторот Тимчо Муцунски и членовите Снежана Калеска-Ванчева, Љупчо Пренџов и Моника Зајкова, учествуваше на Светскиот настан за правата на ЛГБТИ луѓето што се одржува во Копенхаген, Данска.

повеќе...

Четврток, 19 август 2021

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЦИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ по повод Денот на Армијата

По повод одбележувањето на Денот на Армијата на Република Северна Македонија, 18 Август, делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Илија Николовски и Бети Стаменкоска-Трајкоска, на градските гробишта Бутел положи четири венци свежо цвеќе на:

повеќе...

Петок, 13 август 2021 година

Обраќање на претседателот Џафери на Свечената академија по повод одбележувањето на 20-годишнината на Охридскиот рамковен договор - „После Охрид“

Задоволство ми е што денес, од име на Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име сум дел и имам чест да ве поздравам, сите присутни тука, на оваа Свечена академија, по повод 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Договор на мирот и Договор што ги постави новите правила на општествената кохезија и подоброто меѓуетничко функционирање, којшто беше најцврстиот и најсолиден темел врз кој го трансформиравме видливо нашето мултиетничко, мултиконфесионално и мултикултурно општество.

повеќе...

Четврток, 12 август 2021

Средба на претседателот Џафери со генералниот секретар на Муслиманската светска лига, д-р Мохамад бин Абдул Карим Ал-Иса

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со генералниот секретар на Муслиманската светска лига, д-р Мохамад бин Абдул Карим Ал-Иса, кој е во посета на Република Северна Македонија.

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • ...
  • 42
  •                                            
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.