Средба Aдеми- Лудва- Чешка поддршка за нашите евроинтеграц...

Четврток, 24 февруари 2022

Средба Aдеми - Лудва: Чешка поддршка за нашите евроинтеграции 

Денеска, претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Арбер Адеми, имаше средба  со амбасадорот на Република Чешка во нашата земја, Јарослав Лудва, на која стана збор за актуелните случувања во ЕУ и пошироко. 

Прочитај повеќе

Средба на Јован Митрески со претседателот на ССМ и претстав...

Четврток, 24 февруари 2022

Средба на Јован Митрески со претседателот на ССМ и претставниците на ПСО

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески денеска во Собранието на Република Северна Македонија имаше средба со престедателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Дарко Димовски, на која се разговараше за потребата што е можно побрзо пратениците да го усвојат Предлог-законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование. 

Прочитај повеќе

УЧЕСТВО НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ПС НА НАТО НА СОСТАНОЦИ ВО БРИСЕ...

Среда, 23 февруари 2022

УЧЕСТВО НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ПС НА НАТО НА СОСТАНОЦИ ВО БРИСЕЛ

Парламентарното собрание на НАТО, од 21 до 23 февруари 2022 година, во Брисел, како дел од своите редовни активности, ги одржа заедничките состаноци на неговите комитети. На настанот, на кој присуствуваа делегации од земјите членки на НАТО, Собранието на Република Северна Македонија како полноправна членка, беше претставено од Делегација во полн состав: Арта Билали-Зендели, шефица и членовите Илија Николовски и Антонијо Милошоски.

Прочитај повеќе

Втор ден работна посета на Делегација на Управувачката груп...

Вторник, 22 февруари 2022 година

Втор ден работна посета на Делегација на Управувачката група за демократски развој на шведскиот Риксдаг

Во Собранието денеска продолжи дводневната работна средба со Делегација на Управувачката група за демократски развој на шведскиот Риксдаг.

Се водеше дискусија во две групи на тема отвореност и транспарентност, со фокус на надзорните расправи и вклученоста на експерти од една страна и односи со јавноста и плановите за развој на Собранискиот канал - од друга страна, по што следеше резиме на групните дискусии.

Прочитај повеќе

Работна посета на Делегација на Управувачката група за демо...

Понеделник, 21 февруари 2022 година

Работна посета на Делегација на Управувачката група за демократски развој на шведскиот Риксдаг

Во Собранието денеска и утре се одржува работна средба со Делегација на Управувачката група за демократски развој на шведскиот Риксдаг.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Управувачката група од шв...

Понеделник, 21 февруари 2022

Средба на претседателот Џафери со Управувачката група од шведскиот Риксдааг

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со Делегација на Управувачката група на Шведскиот Риксдааг, предводена од г-ѓа Лота Јонсон Форнарве, втора потпретседателка на Шведскиот Риксдаг. Делегацијата престојува во дводневна студиска посета на Собранието Република Северна Македонија во рамките на соработката за демократски развој меѓу двата законодавни дома.

Прочитај повеќе

Учество на Моника Зајкова на Парламентарниот веб-дијалог на...

Петок, 18 февруари 2022

Учество на Моника Зајкова на Парламентарниот веб-дијалог на ПС на ОБСЕ

Пратеничката Моника Зајкова, член на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ, учествуваше на Парламентарниот веб-дијалог на ПС на ОБСЕ на тема: „Придонесот на младите во зајакнувањето на владеењето на правото, демократијата и човековите права во областа на ОБСЕ“, што се одржа на 18 февруари 2022 година, во виртуелен формат.

Прочитај повеќе

Презентиран Извештајот на Европската комисија за 2021 годин...

Четврток, 17 февруари 2022

Презентиран Извештајот на Европската комисија за 2021 година

Денеска, Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, со која претседаваше претседателот на Комисијата, Арбер Адеми, ја одржа својата 31. седница, на која на дневен ред беше Извештајот на ЕК за Република Северна Македонија за 2021 година.

Прочитај повеќе

Образованието - суштинска алатка за зголемување на интеркул...

Среда, 16 февруари 2022

Образованието - суштинска алатка за зголемување на интеркултурното разбирање

Во рамките на реализацијата на активностите поврзани со меѓународниот проект Говор на омраза како валута на национализмот: институционалeн одговор во Северна Македонија, а во контекст на образованието како суштинска алатка за зголемување на интеркултурното разбирање, Комитетот за односи меѓу заедниците денеска оствари работна посета на СУГС Гимназија  “Јосип Броз - Тито” Скопје.

Прочитај повеќе

Изјава на Пратеничката група за соработка со Парламентот на...

Среда, 16 февруари 2022

Изјава на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Украина 

Во врска со состојбата на украинската граница, Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Украина ја потврдува недвосмислената поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници, изразува солидарност со пријателскиот украински народ и ги подржува дипломатските напори за деескалација на состојбата.

Прочитај повеќе
1...345...57                                                          
Click