Почетна27.06.2025Пратеничките Петрушевска и Костадиновска – Стојчевска дебатираа за правата на жените во Европа на сесија на ПССЕ во Стразбур
Во текот на сесијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која се одржува во Стразбур и на која учествуваат Марија Петрушевска, шеф и Бисера Костдановска Стојчевска, член на Делегацијата, пратениците дебатираа и за правата на жените во Европа – напредок и предизвици. Во својата Резолуција, Парламентарното собрание на Советот на Европа предупредува на растечката реакција против правата на жените низ цела Европа. Во текстот се истакнува недоволната застапеност на жените во политиката, зголеменото родово базирано насилство и насочените напади врз бранителите на човекови права на жените. Собранието повикува на посилна правна заштита и гарантиран пристап до услуги за репродуктивно здравје за да се заштити родовата еднаквост како столб на демократијата.
Прочитај повеќе