ЧЕТИРИНАЕСЕТА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦ...

Четврток, 18 февруари 2016 година

ЧЕТИРИНАЕСЕТТА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Националниот совет за евроинтеграции на 17 февруари 2016 година ја одржа 14. седница на која расправаше по Предлог-резолуцијата на Европскиот парламент за Извештајот на Република Македонија за 2015 година, поднесена од европратеникот и известител за Република Македонија, г.Иво Вајгл.

Прочитај повеќе

Претставени Програмата и приоритетите за работа на холандск...

Среда, 20 јануари 2016 година

Претставени Програмата и приоритетите за работа на холандското претседателство со Советот на Европската унија 

Комисијата за  европски прашања на Собранието на Република Македонија, денеска ја одржа својата 26. седница заедно со членовите и претставниците на Националниот совет за евроинтеграции, кои ја одржаа својата 11 седница.

Прочитај повеќе

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА...

Понеделник, 23 ноември 2015 година

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Националниот совет за евроинтеграции денес организираше јавна расправа за Стратегијата за проширување на Европската унија. Целта на организирањето на јавната расправа беше важноста на среднорочниот стратешки документ за политиката на проширување на ЕУ кој го опфаќа периодот на мандатот на Европската комисија и особено имајќи го предвид новиот воведен пристап во годишното известување за напредокот. 

Прочитај повеќе

Приоритет за Македонија е неодложно отпочнување на преговор...

Петок, 18 септември 2015 година

Приоритет за Македонија е неодложно отпочнување на преговорите со ЕУ

На шестата седница на Националниот совет за евроинтергации на Собранието на Република Македонија обраќање имаше г. Јоханес Хан, комесар за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската комисија, во придружба на амбасадорот Аиво Орав, шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија.

Прочитај повеќе

Зaедничка седница на Комисијата за европски прашања и Нацио...

Четврток, 12 март 2015 година

Заедничка седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции

Воведно обраќање по НПАА-та за 2015 година даде вицепремиерот задолжен за европски прашања во Владата на Република Македонија, г. Фатмир Бесими, кој информираше за планираните активности на Владата на Република Македонија во однос на динамиката на усогласувањето на националното законодавство со европското, како и за постигнатото прилагодување на националните институции кон европските административни структури.  
Прочитај повеќе

ТРЕТА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ...

Среда, 12 ноември 2014 година

ТРЕТА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Националниот совет за евроинтеграции на 12 ноември 2014 година ја одржа Tретата седница на која беа разгледани Извештајот за реализираните активности од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија - ревизија 2014, за периодот од 01.07.2014 - 30.09.2014 година и Планот на активности на Националниот совет за евроинтеграции за реализација за периодот ноември 2014 – ноември 2015 година.

Прочитај повеќе

Заедничка седница на НСЕИ, надворешна и европски прашања ...

Вторник, 14 октомври 2014 година

ЗАЕДНИЧКА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ, КОМИСИЈАТА ЗА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА И КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА

Клучните наоди од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2014 година, беа презентирани од страна на г. Фатмир Бесими, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања. На заедничката седница свое обраќање имаше Н.Е. Аиво Орав, шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

Прочитај повеќе

ПРВА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ 25.9....

Четврток, 25 септември 2014 година

ПРВА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Националниот совет за евроинтеграции на 24 септември 2014 година ја одржа Првата седница на која беа разгледани Информацијата за реализираните активности од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија - ревизија 2014, за периодот од 01.01.2014-31.03.2014 година и Информацијата за реализираните активности од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија - ревизија 2014, за периодот од 01.04.2014-30.06.2014 година. 

Прочитај повеќе
1  
Click