Совети

Среда, 12 февруари 2014 година

Заедничка седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции

Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции одржаа заедничка седница, на која се расправаше за Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, ревизија 2014 година, по што беше усвоено и мислење по истата.

Воведно обраќање по НПАА-та за 2014 година даде вицепремиерот задолжен за европски прашања во Владата на Република Македонија, г. Фатмир Бесими,  кој информираше за планираните активности на Владата на Република Македонија во однос на динамиката на усогласувањето на националното законодавство со европското, како и за постигнатото прилагодување на националните институции кон европските административни структури.

Во расправата учествуваа претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини; претседателот и заменикот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска и г-ѓа Силвана Бонева; пратениците  г. Павле Трајанов и г. Гордан Георгиев, како и претставникот и членот во Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Тања Адеми-Хафнер и г. Димитар Мирчев.

Во дискусиите стана збор за досегашната реализација на поранешните ревизии на НПАА-та, предизвиците пред кои е исправена државата во поглед на реализацијата на оваа програма, како и за потребата Собранието и понатаму да го задржи постигнатиот консензус за ЕУ прашањата, така што со заеднички напори ќе може да се успее да се донесат законите предвидени во НППА-та.

МислењеАнекс 1Анекс 2 стенографски белешки

Click