Четврток, 2 јули 2009 година
Шведското претседавање со ЕУ пред огромни предизвици

По повеќе од две години подготовка, Шведска вчера го презеде претседателството со Европската унија. Во Стокхолм, шведскиот премиер, г-дин Фредерик Рејнфелт, го пречека претседателот на Европската комисија, г-дин Жозе Мануел Баросо. Церемонијалната прослава се одржа во музејот Скансен, каде присуствуваше и кралот на Шведска, Карл XVI Густав. Се очекува оваа скандинавска земја во својот шестмесечен мандат да оствари над 3.000 средби, повеќето во Брисел и Луксембург, но и над сто средби во своите градови.