Четврток, 25 јуни 2009 година
Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски го прими министерот за надворешни работи на Словачка Република, г. Мирослав Лајчек

На средбата претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, изрази задоволство од тоа што Словачката Република своето дипломатско претставништво го подига на ранг на амбасада, со што го покажува позитивниот тренд во билатералните односи помеѓу Република Македонија и Словачката Република, а во тие рамки и соработката на двата парламента. Зборувајќи за нашите стратешки определби, интеграција во евроатлантските структури, претседателот на Собранието, г. Вељаноски, истакна дека Македонија продолжува, по оние познати и непринципиелни настани на Самитот во Букурешт кога не добивме покана за членство во НАТО, активно да учествува во мировните мисии ширум светот, Авганистан, Босна и Херцеговина и други, бидејќи чувствува одговорност за светскиот мир кој е неделива категорија.