Вторник, 16 јуни 2009 година
Средба на Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски со претседателот на Парламентарното собрание на СЕ Луис Мариа де Пуч

Парламентарното собрание на СЕ ја поддржува Македонија за нејзино зачленување во Европската унија
На денешната средба, која помина во отворена и пријателска атмосфера, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски истакна дека Република Македонија токму преку Советот на Европа го започна процесот на интеграција во евроатлантските структури. Во исто време, токму со прифаќање и имплементирање на стандардите и принципите на Советот на Европа, а тоа се човековите права, демократијата, владеењето на правото и мирот, ние ги започнавме нашите реформи кои ги правиме пред сè за нашите граѓани, бидејќи само така може да се обезбеди политичка и економска стабилност, но и развој.