Пелинце, 2 август 2009 година
Обраќање на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски по повод одбележување на 65 години од асном

Уважени борци, учесници на антифашистичката борба,
илинденски потомци и следбеници,
Почитувани претставници на Македонската Православна Црква и на другите верски заедници,
Дами и господа, екселенции,
Почитувани претставници на Владата на Република Македонија,
Почитувани претставници на Армијата на Република Македонија,
Почитувани претставници на локалната самоуправа,
Драги пријатели,
Денеска ги славиме двата илиндена. Оној од 1903 година на Гоце, на Никола Карев, на Ѓорче Петров, на Питу Гули и вториот Илинден од 1944 година на Ченто, на Рацин, на Брашнаров, на Кузман. Ако првиот Илинден беше израз на македонскиот непокор, вториот Илинден ја донесе победата.