Понеделник, 29 ноември 2010 година
Извештај за вработеноста во Европа за 2010

Европскиот комесар за вработување, социјални работи и инклузија, г. Лазло Андор, на 25 ноември оваа година, го презентираше Годишниот извештај за вработеноста во Европа. Во Извештајот за 2010 година даден е сеопфатен преглед на динамиката на вработувања во ЕУ за текот на кризата, анализа на преземените мерки на пазарот на труд од страна на земјите-членки и проценка на можностите за зајакнување на мерките. Во Извештајот се анализирани ефектите од привремените и постојаните договори за вработување, особено во однос на младите луѓе