Активности

Четврток, 30 септември 2010 година, Национален совет за евроинтеграции

Јавна расправа на тема „Политиките за унапредување на животната средина во Република Македонија"

Националниот совет за евроинтеграции, согласно препораките од Мислењето за усвојување на правото на Европската унија во текот на 2010 година и Анексот 2 кој е составен дел на Мислењето, на 29 септември 2010 година, организираше јавна расправа на тема „Политиките за унапредување на животната средина во Република Македонија".

На јавната расправа свои обраќања имаа г-ѓа Соња Лепиткова, заменик-министер за животна средина и просторно планирање и г. Горан Стевчевски, државен советник од Министерството за надворешни работи.

Од страна на г-ѓа Лепиткова, беа образложени трите предлози на закони од областа на заштитата на животната средина, односно ратификации на протоколите кон Конвенцијата за далекосежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година, за тешки метали, за перзистентни органски загадувачки супстанци и за намалување на закиселувањето, еутрофикацијата и приземниот озон.

Со свои дискусии, предлози, коментари и забелешки учествуваа г-ѓа Радмила Шекеринска, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Силвана Бонева, потпретседател на Советот, г. Димитар Мирчев, член на Советот и претставник од Кабинетот на претседателот на Република Македонија и г. Кирил Ристовски од невладината организација „Флорозон“.

покана
Предлог на закон за ратификација на Протоколот кон Конвенцијата за далекосежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за намалување на закиселувањето, еутрофикацијата и приземниот озон

Предлог на закон за ратификација на Протоколот кон Конвенцијата за далекосежно прекугранично загадување на воздухот за тешки метали од 1979 година

Предлог-закон за ратификација на Протоколот кон Конвенцијата за далекосежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за перзистентни органски загадувачки супстанци

заклучоци

стенографски белешки

Click