Соопштенија

Среда, 10 март 2010 година

Учество на Делегација на Собранието на Република Македонија на РОС-РОТ семинар во Ерменија

Делегација на Собранието на Република Македонија учествува на РОС-РОТ семинар во организација на Парламентарното собрание на НАТО во соработка со парламентот на Ерменија, што ќе се одржи од 10 до 13 март 2010 година во Ереван, Ерменија. Делегацијата ја сочинуваат пратениците: Талат Џафери, шеф на Делегацијата, Владо Бучковски и Павле Трајанов, членови на Делегацијата

повеќе...

Четврток, 25 февруари 2010 година

Положување на венец свежо цвеќе

По повод шест години од смртта на претседателот Борис Трајковски, Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, а во состав г. Владимир Ѓорчев, г-ѓа Цветанка Иванова и  г. Феми Јонузи, на 26 февруари 2010 година (петок) во 12, 00 часот ќе положи венец свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски, во Алеја на великаните, Градски гробишта Бутел

повеќе...

Вторник, 16 февруари 2010 година

Седми состанок на Мешовитиот комитет - Република Македонија и Европска унија

Врз основа на член 114 од Спогодбата за стаблизиција и асоцијација на Република Македонија со Европската унија, како и врз основа на Правило 6 од Деловникот за работа на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија, ќе се одржи Седмиот состанок на Комитетот на 18 и 19 февруари 2010 година во Кристалната сала на Собранието на Република Македонија

повеќе...

Среда, 3 февруари 2010 година, Комисија за еднакви можности на жените и мажите

Јавна расправа на тема: Наградата „Бисери на мудроста“ за Македонија од Европската асоцијација за цервикален канцер

Добитници на наградата се Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, Министерството за здравство, Организацијата на жени од Свети Николе, Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ и Македонското женско лоби.

повеќе...

Среда, 3 февруари 2010 година

Учество на пратеникот Петар Поп Арсов на Конференција на претседателите на комисиите за европски прашања на државите-членки на Европската унија-КОСАК

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Петар Поп Арсов од 4 до 6 февруари 2010 година, ќе учествува на Конференција на претседателите на комисиите за европски прашања на државите- членки на Европската унија-КОСАК, што ќе се одржи во Мадрид

повеќе...

Вторник, 26 јануари 2010 година


Учество на пратеничката Лилјана Поповска на 4. Самит за рак на грлото на матката во Брисел

 
Лилјана Поповска, како претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието на Република Македонија, учествува на 4. Самит за рак на грлото на матката кој, под насловот "Зрачење на грлото на матката и програми за ХПВ вакцинација во Европа", се одржува во Европскиот парламент на 26 и 27 јануари 2010 година, во соработка со групацијата Политичари за превенција на цервикален канцер и Европската асоцијација за цервикален канцер.

Во рамките на самитот, Лилјана Поповска ќе претседава со сесијата на 27.01.2010 година, а на 26.01.2010 година како признание за напредокот на Република Македонија и воведувањето на ХПВ вакцината, како претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, ќе ја прими наградата "Pearl of Wisdom", заедно со претставници од Министерството за здравство и од невладиниот сектор.

повеќе...

  • 1
  •   
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.