РАБОТНИ ТЕЛА НА СОБРАНИЕТО

Во Собранието на Република Македонија се основаат постојани работни тела за разгледување на предлози за донесување на закони, нацрти на закони, предлози на закони и други општи акти што ги донесува Собранието, за следење на извршувањето на актите на Собранието како и за проучување и претресување на други прашања од неговата надлежност.

Претседателите, замениците на претседателите, членовите на работните тела и нивните заменици се избираат од редот на пратениците во Собранието.

Во работата на работните тела учествуваат претседателот и членовите на работното тело, а во случај на нивна спреченост за присуство на седницата на комисијата, определуваат нивен заменик од редот на замениците на членовите на комисијата.

Како постојани работни тела на собранието се основаат:



Комисија за уставни прашања

Комисијата за уставни прашања има претседател и дваесет члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и седум члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

  • спроведување на Уставот
  • предлозите за изменување и дополнување на Уставот;
  • подготвување на текст за изменување и дополнување на Уставот;
  • начелни прашања од уставен карактер во врска со донесувањето и извршувањето на законите и другите прописи и акти и
  • други прашања од уставен карактер.

ПретседателАндов Стојан 
 
         Членови:  Стојановски Томислав 
                            Андоновски Кирил  
                            Кралевски Чедомир  
                            Невеновски Горан 
                            Караџоски Жарко  
                            Јовановска Весна 
                            Бошков Јордан 
                            Марковска Ѓулистана  
                            Мирчески Звонко 
                            Лазаров Илија  
                            Климовски Саво 
                            Абдулаи Јонуз  
                            Халими Илјаз  
                            Црвенковски Бранко 
                            Петковски Тито  
                            Поповски Никола 
                            Стојановски Наќе  
                            Китаноски Лазар  
                            Алити Абдурахман 
                            Билали Мерсел 
 

 



Законодавно-правна комисија

Законодавно-правната комисија има претседател и дванаесет члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и четири члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

  • усогласеноста на законите и другите акти со Уставот и со правниот систем, како и нивната правно-техничка обработка;
  • барањата за давање автентични толкувања и изготвување предлози на автентични толкувања на законите;
  • законодавната дејност и изградувањето на правниот систем во Републиката;
  • утврдување на пречистен текст на законите и на другите акти ако со закон, односно со друг акт биде овластена;
  • давање исправки на грешки по објавениот текст на закон или на друг акт врз основа на изворниот текст на усвоениот закон, или друг акт на Собранието и
  • други прашања што се однесуваат на законодавната дејност и изградувањето на правниот систем во Републиката.

ПретседателАндоновски Кирил 
  
         ЧленовиСтојановски Томислав 
                            Јовановска Весна 
                            Невеновски Горан 
                            Караџоски Жарко 
                            Томов Панде  
                            Димова Марковиќ Наталија  
                            Стојановски Наќе 
                            Гештаковски Александар  
                            Тодоров Ристо 
                            Зибери Насер 
                            Алиу Абдула  
                            Ханџиски Благој 
                            Алиу Кхани 



Комисија за политички систем

Комисијата за политички систем има претседател и осум члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и три члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на

  • функционирањето на политичкиот систем;
  • именувањето на границите на Републиката;
  • државните симболи и нивната употреба;
  • системот на јавното информирање;
  • правото на здружување на граѓаните и политичкото организирање;
  • избирачкото право и начинот на избор на пратеници и членови на советите;
  • референдумот;
  • локалната самоуправа;
  • народниот правобранител;
  • Македонската православна црква и верските заедници;
  • одликувањата, признанијата и наградите;
  • празниците на Република Македонија;
  • организацијата на државната управа и
  • други прашања што се однесуваат на политичкиот систем.

ПретседателЧеркезов Миланчо 

          ЧленовиГаџовски Васил 
                             Пандов Александар 
                             Томов Панде  
                             Прангоски Илија 
                             Абдулаи Јонуз 
                             Поповски Љубомир 
                             Спасов Ѓорѓи  
                             Алиу Абдула 
 

 
 
 



Комисија за внатрешна политика и одбрана

Комисијата за внатрешна политика и одбрана има претседател и осум члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и три члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

  • заштитата на поредокот утврден со Уставот,
  • државјанството;
  • судството, адвокатурата и јавното обвинителство;
  • амнестијата и помилувањето;
  • јавните собири и јавните приредби;
  • безбедноста на патниот, воздушниот, железничкиот и езерскиот сообраќај;
  • заштитата од природни непогоди и епидемии;
  • слободата на движењето и слободата на изборот на живеалиштето;
  • пријавувањето на живеалиштето и престојувалиштето;
  • набавувањето, поседувањето, носењето, испробувањето и обележувањето на оружјето и муницијата;
  • матичните книги и заштитата на личните податоци;
  • личните имиња, личните карти и патните исправи;
  • преминот на државните граници и движењето во граничниот појас, движењето и престојот на странците;
  • одбраната на Републиката и цивилната заштита;
  • пописот на населението и
  • други прашања што се однесуваат на внатрешната политика и одбраната.

ПретседателПандов Александар 
  
          Членови: Стојменов Златко  
                            Флоровски Александар 
                            Мирчески Звонко 
                            Љутфии Билал 
                            Ханџиски Благој  
                            Китаноски Лазар 
                            Сулејмани Оломан 
                            Прангоски Илија 
 



Комисија за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика има претседател и дванаесет члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и четири члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

  • надворешната политика на Република Македонија и нејзините односи со другите држави и меѓународни организации;
  • политиката со која се обезбедува грижата на Републиката за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, како и за културните, економските и социјалните права на граѓаните од Републиката и
  • стапувањето или истапувањето од сојуз или заедници со други држави;
  • потребата од започнување преговори за склучување билатерални и мултилатерални меѓународни договори на Република Македонија, односно за платформите на овие преговори;
  • ратификацијата на меѓународни договори;
  • предлозите за поставување на амбасадорите на Република Македонија во странство и ги ислушува платформите за нивно делување;
  • меѓународната регулатива од областа на човековите и граѓанските права, слободи и документите на меѓународните организации и асоцијации;
  • меѓународната регулатива од областа на човековите и граѓанските права, слободи и документите на меѓународните организации и асоцијации;
  • воспоставување на парламентарна соработка на Републиката со други држави и меѓународни организации;
  • воспоставување соработка со респективните комисии за надворешна политика на парламентите на другите држави;
  • иницијативи и предлози за дефинирање на стратегијата на надворешната политика на Република Македонија;
  • иницирање расправи во Собранието на актуелни надворешно-политички теми и
  • други прашања што се однесуваат на надворешната политика на Република Македонија.

ПретседателБошков Јордан   

         Членови
Глигороски Данило  
                            Марковска Ѓулистана 
                            Черкезов Миланчо 
                            Кралевски Чедомир 
                            Карангелевски Радомир  
                            Петровски Томислав 
                            Дика Замир  
                            Ханџиски Благој  
                            Шеќеринска Радмила 
                            Поповски Љубомир  
                            Билали Мерсел  
                            Даневски Слободан 
 

 



Комисија за прашања на изборите и именувањата

Комисијата за прашања на изборите и именувањата има претседател и дванаесет члена од редот на пратениците на Собранието на Република Македонија.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

  • поднесувањето предлози за избори и именувања,односно разрешување на функционери кои ги избира, односно именува Собранието, ако со Устав, закон, деловник или друг акт на Собранието не е определено ваков предлог да поднесува друг орган;
  • предлагање состав на постојаните и повремените работни тела на Собранието;
  • предлага членови на управни органи и други тела во претпријатија, организации и институции кои ги избира, односно именува Собранието на Република Македонија, ако со Уставот, закон или друг акт не е определено ваков предлог да поднесува друг орган;
  • предлагање и именување на членови на Редакцискиот одбор на гласилото на Собранието на Република Македонија;
  • предлага, односно донесува одлуки за именување и разрешување претставници на Републиката во органите на управувањето и членови на конкурсни комисии за избор на индивидуални работоводни органи кои се во надлежност на Собранието на Република Македонија;
  • предлагање состав на одбори и други тела на Собранието за организирање и спроведување прослави на одделни историски настани од значење за Републиката и на други настани чие одбележување е потребно, како и за доделување на републички награди;
  • давање претходна согласност на актот за внатрешна организација и за систематизација на Службата на Собранието и
  • дава мислење по предлозите за избор, односно именување на носители на јавни функции кои ги избира односно именува Собранието на Република Македонија, а кои се предложени од други органи.

Комисијата, исто така :

  • разгледува предлози на прописи за платите и за другите примања на пратениците и функционерите што ги избира или именува Собранието, раководните работници што ги назначува Комисијата, како и на пратениците и функционерите на кои им престанала функцијата
  • донесува акти за кои е овластена од Собранието;
  • донесува поединечни решенија за платите и за другите примања на пратениците и на функционерите што ги избира или именува Собранието, како и за раководните работници што ги назначува Комисијата;
  • ја определува висината на надоместокот на трошоците за учество во работата на членовите на работните тела избрани од редот на научните и стручните институции и асоцијации;
  • ја определува, во согласност со прописите висината на дневниците, на трошоците за одвоен живот, на надоместокот за годишен одмор, на селидбените и други трошоци;
  • дава исправки на актите што ги донесува и објавува Комисијата во “Службен весник на Република Македонија” и
  • разгледува и други прашања што се однесуваат на изборите и именувањата.

ПретседателКралевски Чедомир 
  
         ЧленовиНевеновски Горан 
                            Ќосев Слободан 
                            Спанчевски Крале 
                            Трајановски Коце 
                            Лазов Горанчо 
                            Поповски Љубомир  
                            Гештаковски Александар 
                            Стојковски Благој  
                            Тахири Мевљан  
                            Вејсели Абдулади 
                            Анушев Љупчо 
                            Кадриу Назми  



Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот има претседател и осум члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и три члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата во рамките на својот делокруг особено:

  • разгледува начелни прашања, предлози и мислења во врска со остварувањето на одредбите на Уставот на Република Македонија, кои се однесуваат на основните слободи и права на граѓанинот;
  • ги разгледува иницијативите и предлозите за донесување закони, нацртите и предлозите на закони и другите прописи и акти од значење за остварување на заштитата на слободите и правата на граѓанинот;
  • укажува на потребата од донесување на закони, други прописи и акти заради поцелосна заштита на слободите и правата на граѓанинот;
  • го следи, разгледува и анализира остварувањето на ратифицираните меѓународни акти кои ја регулираат заштитата на слободите и правата на граѓанинот;
  • ги разгледува дописите на граѓаните и зазема ставови по истите и
  • врши и други работи од својот делокруг.

Комисијата не може да врши истражни или други судски функции.
Наодите на Комисијата се основа за поведување постапка за утврдување на одговорност на носителите на јавните функции.

ПретседателПетковски Тито 
  
        Членови:  Јанковски Жарко 
                           Лазаров Илија  
                           Манчев Васе 
                           Шахиќ Алија  
                           Таири Мухамед  
                           Ангеловски Милојко 
                           Хаџиреџа Кастриот 
                           Пајкоски Латиф 
 

 
 
 

Комисија за меѓунационални односи 

Комисијата за меѓунационални односи има претседател и десет члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и четири члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата разгледува прашања што се однесуваат на уредувањето со закон на правата на националностите утврдени со Уставот, особено од аспект на:

  • обезбедувањето на правото на употреба на јазикот и писмото на националностите;
  • обезбедувањето на правото на настава на јазикот на националностите во областа на воспитувањето и образованието;
  • гарантирање на заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на националностите;
  • обезбедување на информирањето, културните и други дејности, заради изразување на идентитетот и националните особености и
  • други прашања што се однесуваат на остварувањето на правата на националностите утврдени со Уставот и законите.

ПретседателХаруни Сејфедин 
 
          ЧленовиСугаревски Владо  
                             Сајкоски Аце  
                             Тилевски Митко 
                             Шахиќ Алија 
                             Алиу Кхани 
                             Чифлиганец Ванчо 
                             Трповски Борислав  
                             Поповски Никола 
                             Рамадани Исмет 
                             Бајрам Амди 
 

Комисија за надзор над работата на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање

Комисијата за надзор над работата на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање има претседател и шест члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија.

Комисијата во рамките на својот делокруг врши надзор над работата на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање, особено во однос на:

  • почитување на правата и слободите, утврдени со Уставот и законите, на граѓаните, претпријатијата и другите правни лица од страна на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање;
  • законитоста во спроведувањето на овластувањата на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање од аспект на пречекорување, неовластени постапки, злоупотреба и други негативности во работењето, спротивно на со закон утврденит
  • методите и средствата што ги користат Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање од аспект на законитоста и почитувањето на правата на граѓанинот и другите субјекти;
  • материјалната, кадровската и техничката опременост на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање и
  • други прашања што се однесуваат на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање.

ПретседателПоповски Љубомир 

         ЧленовиИцков Делче  
                             Гешоски Трајко  
                             Вејсели Абдулади 
                             Флоровски Александар 
                             Стојаноски Воислав 
                             Халими Илјаз 
 

Комисија за економска политика и развој



Комисијата за финансирање и буџет има претседател и десет члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и четири члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

- системот на финансирање и системот на извори и видови на приходи на Републиката и општините;

- даноците, таксите, придонесите и другите јавни давачки на граѓаните и правните лица;

- Буџетот на Републиката и завршната сметка за извршување на Буџетот;

- компензациите, премиите, регресите и стимулациите;

- концесиите;

- јавните заеми;

- јавните набавки;

- издавањето на обврзници;

- системот на осигурувањето на имоти и лица;

- дејството на финансиските инструменти и мерките на монетарно-кредитниот и банкарскиот систем;

- ратификацијата на договори, склучени со меѓународни финансиски организации;

- пресметковниот систем, системот на плаќање и платниот промет;

- платите и другите надоместоци од работен однос на корисниците на средствата од Буџетот на Републиката;

- службите за финансиска контрола;

- евиденцијата и прометот на недвижности;

- сопственичките и други имотни права;

- интервенциите во стопанството што се обезбедуваат од средствата на Буџетот на Републиката;

- инвестициите што се финансираат од средствата на Буџетот на Републиката;

- игрите на среќа; - средства на солидарност и

- други прашања што се однесуваат на финансирањето.


Претседател: Бајрами Фадил 
 

        Членови: Ќосев Слободан 
                         Трајков Горанчо 
                         Ѓоргиев Илија 
                         Гарчевски Слободан 
                         Фити Таки 
                         Јованов Никола 
                         Абдулаи Јонуз 
                         Сулејмани Ризван 
 
Комисија за финансирање и буџет 



Комисијата за стопанство има претседател и десет члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и четири члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

- индустрија, рударство и енергетика,

- инвестиционата активност и производствената ориентација и специјализација,

- угостителството, туризмоти занаетчиските дејности;

- геолошки истражувања на минералните суровини, нивната експлоатација и фабрикација;

- концесиите;

- странските вложувања;

- сопственичката трансформација;

- пазарот и претприемчивоста;

- трговијата, прометот на стоки и услуги;

- економските односи со странство;

- стоковите резеви на државата;

- политика на цените;

- јавните претпријатија, и

- други прашања што се однесуваат на стопанството.


Претседател: Поповски Никола 
 

        Членови: Ставрев Милан 
                         Лазов Горанчо 
                         Панчев Ванчо 
                         Тодоров Ѓорѓи 
                         Лазаров Илија  
                         Петров Чедо 
                         Етеми Фатмир 
                         Митевски Драган 
                         Илоски Илија 
 
Комисија за стопанство 



Комисијата за економска политика и развој има претседател и осум члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и три члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

- економскиот систем, развојната и економската политика;

- просторниот и регионалниот развој;

- побрзиот развој на стопански недоволно развиените подрачја, ридско-планинските и пограничните краишта во Републиката;

- политиката на економските односи со странство;

- странските вложувања;

-инвестиционата политика и следењето на процесите на структурните промени на стопанството;

- системот на евиденцијата и статистиката и

- други прашања што се однесуваат на економската политика и развојот на Републиката.


Претседател: Ставрев Милан 
 

        Членови: Лазов Горанчо 
                         Пемов Илија 
                         Трајановски Коце 
                         Сугаревски Владо 
                         Карангелевски Радомир 
                         Бајрами Фадил 
                         Трповски Борислав 
                         Чифлиганец Ванчо 
                         Ѓоргиев Ванчо  
                         Вејсели Абдулади 
 

 
Комисија за монетарно-кредитна политика и банкарство 



Комисијата за монетарно - кредитна политика и банкарство има претседател и десет члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и три члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

-монетарно-кредитната и девизната политика;

-банкарскиот систем;

-хартиите од вредност;

-девизниот систем;

-кредитни односи со странство и

-други прашања што се однесуваат на монетарно-кредитната политика и банкарството.


Претседател: Андов Стојан 
 

        Членови: Ставрев Милан 
                         Ќосев Слободан  
                         Панчев Ванчо 
                         Трајков Горанчо 
                         Петров Чедо  
                         Бузлевски Димитар 
                         Фити Таки 
                         Бајрами Фадил 
                         Иванов Љубисав 
 
Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство 



Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство има претседател и десет члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и четири члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

-земјоделското земјиште, шумите, пасиштата и другите природни богатства и природни сили;

-арондацијата, комасацијата и мелиорацијата;

-сточарството, полјоделството, овоштарството и лозарството;

-ловот и риболовот;

-животинскиот и растителниот свет;

-ветеринарно здравство и заштита на растенијата;

-премерот и катастарот на земјиштето;

-употребата и користењето на водите и одобрувањето на режимот на водите;

-хидромелиоративните системи и хидрометеоролошки работи и

-други прашања што се однесуваат на земјоделството, шумарството и водостопанството.


Претседател: Сибиновски Борче 
 

        Членови: Черкезов Миланчо 
                         Трајков Горанчо 
                         Гарчевски Слободан 
                         Баткоски Димитар 
                         Тодоровски Павле 
                         Етеми Фатмир 
                         Бузлевски Димитар 
                         Стојановски Наќе 
                         Иванов Мирко 
                         Харуни Сејфедин
 
Комисија за градежништво и урбанизам 

 

Комисијата за градежништво и урбанизам има претседател и осум члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и три члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

- просторното и урбанистичкото планирање;

- уредувањето на градежното земјиште;

- добрата од општ интерес и во општа употреба;

- станбеното и комуналното стопанисување;

- градежништвото и инвестиционата изградба и

- други прашања што се однесуваат на градежништвото и урбанизмот.


Претседател: Селмани Аслан 
 

       Членови: Трајковски Танас 
                        Трпевски Александар  
                        Тодоров Ѓорѓи 
                        Панчев Ванчо 
                        Анушев Љупчо 
                        Дика Замир 
                        Настески Кирил 
                        Таири Мухамед Комисија за сообраќај и врски



Комисијата има претседател и осум члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и три члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

-патниот,железничкиот,речниот, езерскиот, воздушниот, поштенско-телеграфскиот, телефонскиот и радио-сообраќајот;

- жичарите и ски-лифтовите;

- системите за телекомуникации и радиодифузниот систем;

- изградбата на инвестициони објекти во областа на транспортот и телекомуникациите и

- други прашања што се однесуваат на сообраќајот и врските.


Претседател: Спанчевски Крале 
 

       Членови: Пемов Илија 
                        Талевски Александар 
                        Тодоров Ѓорѓи 
                        Спанаков Ристо 
                        Дика Замир 
                        Илоски Илија  
                        Ангеловски Милојко 
                        Сулејмани Ризван 
 

 
 
 
Комисија за екологија, млади и спорт 



Комисијата за екологија, млади и спорт има претседател и осум члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и три члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

- заштитата и унапредувањето на животната средина, природата, воздухот, земјата и водите од загадување;

- обезбедување услови за здрава животна средина;

- спречувањето на штетната бучава;

- заштитата од јонизирачко зрачење и други штетни дејства по животот и здравјето на луѓето и посебните мерки на сигурност при употреба на нуклеарна енергија;

- заштитата на животинскиот и растителниот свет од загадување;

- заштитата од загадување при превоз и промет на експлозивни, радиоактивни и запаливи течности и гасови;

- природните реткости од аспект на заштитата и унапредување на животната средина;

- образованието на младите, ученичкиот и студентскиот стандард;

- социјалната сигурност на младите;

- поттикнувањето на интелектуалното, културното и научното творештво на младите;

- заштитата од болестите на зависност и од СИДА-та;

- развојот и унапредувањето на физичката култура;

- развојот на врвниот спорт и

- други прашања што се однесуваат на екологијата, младите и спортот.


Претседател: Рамадани Исмет 
 

        Членови: Киров Митко  
                        Симев Вангел 
                        Спанаков Ристо  
                        Етеми Фатмир 
                        Макрадули Јани 
                        Настески Кирил 
                        Селмани Аслан 
 
Комисија за образование и наука



Комисијата за образование и наука има претседател и десет члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и четири члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

- системот и организацијата на предучилишното воспитување и образование, основното, средното и високото образование;

- системот и организацијата на научно- истражувачката работа;

- создавањето, примената и вреднувањето на пронајдоците, патентите и другите инвентивни активности што произлегуваат од научното, уметничкото или друг вид на интелектуално творештво;

- информатиката, научниот и технолошкиот развој и техничката култура;

- физичкото воспитание и спорт;

- организацијата, развојот и функционирањето на информациониот систем во Републиката и

- други прашања што се однесуваат на образованието и науката.


Претседател: Љутфии Билал 
 

        Членови: Баткоски Димитар  
                        Глигороски Данило 
                        Симев Вангел 
                        Наумовски Рубенс 
                        Попов Стојан 
                        Бајрами Демуш 
                        Ханџиски Благој 
                        Макрадули Јани 
                        Шеќеринска Радмила 
                        Сулејмани Оломан 
 
Комисија за култура



Комисијата за култура има претседател и осум члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и три члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

- организацијата, развојот и унапредувањето на културата;

- заштитата и збогатувањето на историското и уметничкото богатство;

-дејности за заштита и користење на движно и недвижно културно богатство и дејности за објавување;

- споменичното одбележување и заштита на спомениците на културата и

- други прашања што се однесуваат на културата.


Претседател: Попов Стојан 
 


       Членови: Наумовски Рубенс 
                       Стојаноски Воислав  
                       Божиновска Валентина  
                       Георгиевски Михајло 
                       Бајрами Демуш 
                       Илоски Илија 
                       Стојановски Наќе 
                       Тахири Мевљан 
 
Комисија за здравство 

 

Комисијата за здравство има претседател и десет члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и четири члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

- здравствената заштита на населението;

- здравственото осигурување;

- заштитата на населението од заразни болести, од штетното влијание на гасовите, јонизирачките зрачења и бучавата, загаденоста на воздухот, водата, земјиштето и животните производи;

- хигиенско-епидемиолошката состојба;

- производството, прометот и снабдувањето со лекови, помошните лековити средства и медицинските помагала, медицинска опрема, санитетски уреди и материјали, отрови и опојни дроги;

- санитарниот и здравствениот надзор и

- други прашања што се однесуваат на здравството.


Претседател: Јованов Никола 
 

       Членови: Јорданова Марика 
                        Киров Митко 
                        Ристовски Ненад 
                        Ристески Љубче  
                        Стојменов Златко  
                        Таири Мухамед 
                        Ковачески Стојан 
                        Антова Велевска Магдалена 
                        Стојковски Благој 
                        Положани Азис 
 
Комисија за труд и социјална политика



Комисијата за труд и социјална политика има претседател и десет члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и четири члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

- работните односи и заштитата на работниците на работа;

- правото на штрајк;

- вработувањето и права во случај на невработеност;

- заштитата на жената на работа и заштита на мајчинството;

- платите и животниот стандард;

- социјалната политика и социјалната сигурност на граѓаните;

- системот, организацијата, развојот и унапредувањето на социјалната заштита и заштитата на децата;

- популационата политика, бракот и семејството;

- системот на пензиското и инвалидското осигурување, боречко-инвалидската заштита и заштитата на воените инвалиди и лицата прогонувани и затворани за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност и

- други прашања што се однесуваат на трудот и социјалната политика.


Претседател: Гештаковски Александар 
 

        Членови: Тилевски Митко 
                         Ристовски Ненад 
                         Ристески Љубче 
                         Марковска Диспина 
                         Гаџовски Васил 
                         Гешоски Трајко 
                         Таири Мухамед 
                         Тодоров Ристо 
                         Иванов Мирко 
                         Зибери Насер 
 
Комисија за одбележување годишнини на значајни настани и личности



Комисијата за одбележување годишнини на значајни настани и личности има претседател и осум члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и три члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на:

- определувањето годишнини на настани и личности од посебно значење за државно-правниот развој на Републиката, афирмацијата на историското и културното наследство и негувањето на општоцивилизациските вредности;

- надградувањето и збогатувањето на втемелените традиции на одбележување на значајни настани и личности и на историското богатство на македонскиот народ и националностите;

- начинот и формите на одбележување на значајни настани и личности;

- активностите на посебни одбори формирани за одделни одбележувања и

- други прашања што се однесуваат на одбележувањето годишнини и значајни настани и личности.


Претседател: Настески Кирил 
 

        Членови: Георгиевски Михајло 
                         Пандов Александар 
                         Сајкоски Аце  
                         Божиновска Валентина 
                         Петровски Томислав 
                         Стојковски Благој 
                         Селмани Аслан 
                         Бајрами Демуш 
 
Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања



Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања има претседател и осум члена од редот на пратениците во Собранието на Република Македонија и три члена од редот на научните и стручните работници.

Комисијата:

- го следи спроведувањето на Деловникот на Собранието и на деловниците на работните тела и дава мислење за разрешување на спорни прашања;

- ги разгледува иницијативите за изменување на деловниците;

- дава иницијативи за изменување и дополнување на деловниците;

- го разгледува извештајот на Државната изборна комисија за резултатите од изборите и на Собранието му поднесува извештај, со предлог за верификација на мандатите;

- ги разгледува основите за престанок на мандатот на пратеник и за тоа на Собранието му поднесува извештај;

- ги разгледува прашањата што се однесуваат на имунитетот на пратениците, судиите и јавниот обвинител и неговите заменици и

- разгледува други деловнички прашања во врска со мандатно-имунитетните права.


Претседател: Невеновски Горан 
 

        Членови: Пандов Александар 
                         Тодоровски Павле 
                         Спасов Ѓорѓи 
                         Билали Мерсел 
                         Бошков Јордан 
                         Стојановски Томислав  
                         Кадриу Назми 
                         Митевски Драган 
 
Комисија за европски и евро-атлантски интеграции



Комисијата за европски и евро-атлантски интеграции се состои од претседател и членови. Претседателот на Собранието на Република Македонија е претседател на Комисијата. Членови на комисијата се: потпретседателите на Собранието на Република Македонија, коор

Комисијата ги врши следниве работи:

- ги разгледува прашањата што се однесуваат на европските и евро-атлантските интеграции и вклучувањето на Република Македонија во овие интеграции;

- обезбедува усогласување на ставовите за собраниските активности во поглед на клучните прашања сврзани со процесите на интеграција во европските и евро-атлантските структури;

- ги оценува реализираните и иницира натамошни активности во врска со овие интеграции;

- презема активности за усогласување на законодавството на Република Македонија со законодавството на Европската Унија и со актите на меѓународните организации чиј член е Република Македонија;

- обезбедува градење ставови за настапи на претставниците на Собранието на Република Македонија во меѓународните организации и институции во врска со прашањата на европските и евро-атлантските интеграции;

- иницира разгледување прашања од страна на работните тела на Собранието на Република Македонија и

- врши други работи во врска со усогласувањето на собраниските активности сврзани со процесите на европските и евро-атлантските интеграции.


Претседател: Андов Стојан 
 

        Членови: Стојановски Томислав 
                         Сулејмани Оломан 
                         Мирчески Звонко 
                         Халими Илјаз 
                         Кралевски Чедомир  
                         Поповски Никола 
                         Зибери Насер 
                         Дика Замир  
                         Даневски Слободан 
                         Јованов Никола  
                         Ристовски Ненад 
                         Спанаков Ристо 
                         Карангелевски Радомир 
                         Глигороски Данило 
                         Стојменов Златко 
                         Ставрев Милан  
                         Ќосев Слободан 
 
Click