Вторник, 7 декември 2010 година
Обраќање на претседателот Трајко Вељаноски на свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“

Пред единаесет века Македонија не била периферија на тогашниот свет, напротив, таа била значаен верски, духовен и просветителски центар, од кој во тогашниот, христијански свет, се ширеле многу духовни и културни вредности. Македонскиот народ и другите етнички заедници кои денес живеат во Република Македонија, може да се пофалат дека на овој простор живееле и создавале великани како што се светите браќа Кирил и Методиј, нивните ученици Свети Климент и Свети Наум