Активности


Среда, 6 јули 2011 година

Претседателот Вељаноски го отвори 50. Балкански фестивал на народни песни и игри

Навистина ми претставува големо задоволство вечерва сите заедно да го одбележиме почетокот на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Тоа задоволство е уште поголемо бидејќи годинешниов фестивал е јубилеен, педесетти по ред, за што сакам на самиот почеток да изразам признание на организаторот - Националната институција Центар за култура „Григор Прличев“ и секако на Министерството за култура при Владата на Република Македонија, со чија материјална помош се одржува овој фестивал. Денеска Балканскиот фестивал на народни песни и игри е член на меѓународните фестивалски организации, со што на своевиден начин претставува промотор на македонскиот фолклор и песна, како дел од нашиот национален идентитет.

повеќе...



Понеделник, 27 јуни 2011 година

Конституиран седмиот парламентарен состав

По вонредните парламентарни избори, на 25 јуни 2011 година, се конституира новото Собрание на Република Македонија, на кое беа верификувани мандатите на 123 пратеници, а г. Трајко Вељаноски беше реизбран на функцијата претседател на Собранието

повеќе...



Вторник, 5 јули 2011 година

Претседателот на Европарламентот ја отвори седницата во Стразбур

На отворањето на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, која ќе трае од 4 до 7 јули, претседателот на Парламентот, г. Јержи Бузек, го поздрави почетокот на шестмесечното полско претседавање со Европската унија

повеќе...



Петок, 1 јули 2011 година

Полска нов претседавач со ЕУ

Eвропските интеграции како извор на развој, создавање на безбедна и отворена Европа, со силна поддршка на проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан, се дел од приоритетите што си ги постави Полска за своето претседавање со ЕУ.

повеќе...



Четврток, 30 јуни 2011 година

Хрватска ги завршува пристапните преговори со ЕУ

По речиси шест години преговори за членство во Европската унија, денеска на Меѓувладината конференција за пристапување, Хрватска ќе стави крај на овој европски пат, со затворање на последните четири поглавја

повеќе...

Архива

повеќе...



Понеделник, 27 јуни 2011 година

Говор на претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, на првата конститутивна седница

Довербата што ми ја искажавте, избирајќи ме на функцијата претседател на седмиот состав на македонскиот законодавен дом, претставува огромна чест и обврска за мене, особено затоа што доаѓа во мигови кога од нашата заедничка посветеност и делување во голема мера ќе биде определена траекторијата по која ќе се движи нашата татковина. Во оваа смисла, дозволете да ве уверам дека должноста што ми ја доверивте ќе ја извршувам совесно, пожртвувано и најмногу од сè – одговорно. Моето политичко искуство, посветеноста во остварувањето на македонските национални приоритети, како и приврзаноста кон вредностите на демократијата, нека бидат дополнителна потврда дека македонското собрание и во иднина, како и во минатото, ќе биде најсилниот гарант за реализацијата на нашите државни интереси.

повеќе...

  • 1
  • ...
  • 15
  • 16
  • 17
  •                   
Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.