Учество на Конференција посветена на Инструментот за претпр...

Вторник, 16 септември 2014 година

Учество на Конференција посветена на Инструментот за претпристапна помош од ЕУ

Заменик-претседателот на Комисијата за европски прашања, Нора Алити и членот на комисијата, Нола Исмајлоска од 16 до 18 септември учествуваат на конференција, која се одржува на Јахорина, Босна и Херцеговина.

Прочитај повеќе

Полагање венец свежо цвеќе...

Петок, 5 септември 2014 година

Полагање венец свежо цвеќе

По повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија, собраниска  делегација во состав: г-ѓа Даниела Рангелова, г. Љупчо Димовски, г. Авдија Пепиќ и г-ѓа Каљтрина Азизи ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот „Паднати херои за Македонија", на 8 септември (понеделник), во 11.00 часот, во паркот „Жена борец“.

Прочитај повеќе

Учество на пратеникот Александар Николоски на седница на Мо...

Среда, 3 септември 2014 година

Учество на пратеникот Александар Николоски на седница на Мониторинг комисија

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Советот, г. Александар Николоски, на 3 и 4 септември 2014 година во Париз, Франција ќе учествува во работата на две работни тела на организацијата и тоа на седницата на Мониторинг комисијата во својство на потпретседател, како и на Комисијата за политички прашања и демократија во својство на член.

Прочитај повеќе

Државна награда „Мајка Тереза“...

Вторник, 19 август 2014 година

Доделување на државната награда „Мајка Тереза“

На 26 август 2014 година (вторник), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 14.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели наградата „Мајка Тереза“ за 2014 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Прочитај повеќе

Положување венец свежо цвеќе...

Среда, 13 август 2014 година

Положување венец свежо цвеќе 

По повод 18. Август - Ден на Армијата на Република Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија, во состав Светлана Јакимовска и Владанка Авировиќ, ќе положи венец свежо цвеќе на гробиштата Бутел во Скопје и тоа:

Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе...

Петок, 1 август 2014 година

Положување свежо цвеќе

По повод 2 Август - Денот на Републиката, делегации на Собранието на Република Македонија ќе положат венци свежо цвеќе, и тоа:

Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе по повод 51 година од скопскиот земј...

Четврток, 24 јули 2014 година

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

Делегација на Собранието на Република Македонија, на 26 јули 2014 година (сабота), во 10.00 часот, на гробиштата Бутел, ќе положи венец свежо цвеќе, по повод 51 година од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Собраниската делегација ќе биде предводена од г. Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието на Република Македонија, а во состав: г. Драган Данев и г. Рамиз Мерко.

Прочитај повеќе

Учество на пратеничката Мехмети на ЕУ- КОСАК ...

Среда, 16 јули 2014 година

Учество на пратеничката Ермира Мехмети на Конференција на претседателите на комисиите за европски прашања

Во рамките на италијанското претседателство со Европската унија претседателот на Комисијата за европски прашања, г-ѓа Ермира Мехмети, ќе учествува на Конференцијата на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ- КОСАК, што ќе се одржи на 17-18 јули 2014 година во Рим, Италија.

Прочитај повеќе

Николоски набљудувач на парламентарните избори ...

Четврток, 3 јули 2014 година

Пратеникот Александар Николоски набљудувач на парламентарните избори во Босна и Херцеговина и во Бугарија

Пратеникот Алексндар Николоски, шеф на македонската делегација и потпретседател на мониторинг комитетот од име на Групата на европски народни партии е назначен за член на две Ад хок комисии на Парламентарното собрание на Советот на Европа и ќе ги набљудува парламентарните избори во Босна и Херцеговина закажани за 12 октомври 2014 година, како и предвремените парламентарни избори во Бугарија оваа есен.

Прочитај повеќе

Учество на Годишна сесија на ПC ОБСЕ ...

Петок, 27 јуни 2014 година

Учество на Годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Пратеникот Владимир Ѓорчев, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ, ќе учествува на 23. Годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), што ќе се одржи од 28 јуни до 2 јули 2014 година во Баку, Република Азербејџан
Прочитај повеќе
1...13141516                 
Click