Потпретседателот Милошоски на конференција во Рим...

Среда, 5 ноември 2014 година

Потпретседателот Милошоски на конференција во Рим

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и претседател на Комисијата за надворешна политика, г. Антонијо Милошоски, од 5 до 7 ноември ќе учествува на Интерпарламентарната конференција за заедничка надворешна и безбедносна политика и заедничка безбедносна и одбранбена политика, која во рамките на италијанското претседателство со Европската унија, ќе се одржи во Рим, Италија.

Прочитај повеќе

Владимир Ѓорчев на Парламентарен семинар во Мадрид...

Петок, 31 октомври 2014 година

Владимир Ѓорчев на Парламентарен семинар во Мадрид

Во организација на ПС на Советот на Европа, на 31 октомври 2014 г., во Мадрид, Кралството Шпанија, се одржува Парламентарен семинар на тема: „Улогата на националните парламенти во имплементацијата на пресудите на Европскиот суд за човекови права". 

Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе 23 октомври...

Среда, 22 октомври 2014 година

Положување свежо цвеќе 

По повод 23 Октомври - Ден на Македонската револуционерна борба, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Антонијо Милошоски, во чиј состав се и пратениците: г-ѓа Даниела Рангелова, г-ѓа Владанка Авировиќ, г. Павле Трајанов и г. Чедомир Саздовски.

Прочитај повеќе

Доделување на државната награда „23 Октомври“...

Среда, 15 октомври 2014 година

Доделување на државната награда „23 Октомври“

На 23 октомври 2014 година (четврток), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ ќе ја додели наградата „23 Октомври“ за 2014 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Положување свежо цвеќе по повод државниот празник 11 Октомв...

Петок, 10 октомври 2014 година

Положување свежо цвеќе по повод државниот празник 11 Октомври 

По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, делегации на Собранието на Република Македонија, на 11.10.2014 година (сабота), ќе положат свежо цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово.

Прочитај повеќе

Ѓорчев на Есенските состаноци на ПС на ОБСЕ во Женева...

Петок, 3 октомври 2014 година

Ѓорчев на Есенските состаноци на ПС на ОБСЕ во Женева

Од 3 до 5 октомври 2014 година во Женева, Швајцарија ќе се одржат Есенските состаноци на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) на кои ќе учествува  пратеникот г. Владимир Ѓорчев, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Прочитај повеќе

Пратеникот Николоски набљудувач на предвремените парламента...

Петок, 3 октомври 2014 година

Пратеникот Николоски набљудувач на предвремените парламентарни избори во Република Бугарија

На предвремените парламентарни избори во Република Бугарија, закажани за 6 октомври, шефот на  Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, пратеникот Александар Николоски ќе учествува како член на ад-хок Комитетот за набљудување на изборите.

Прочитај повеќе

Доделување на државна награда „11 Октомври“...

Вторник, 30 септември 2014 година

Доделување на државната награда „11 Октомври“

На 11 октомври 2014 година (сабота), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12,00 часот, Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели наградата „11 Октомври“ за 2014 година за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Прочитај повеќе

Учество на есенската сесија на Парламентарното собрание на ...

Вторник, 30 септември 2014 година

Учество на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Од 29 септември до 3 октомври во Стразбур, Република Франција, се одржува редовната есенска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествува шефот на Делегација на Собранието на Република Македонија, пратеникот Александар Николоски.

Прочитај повеќе

Учество на Состанок на претседатели на комисиите за надворе...

Четврток, 25 септември 2014 година

Учество на Состанок на претседатели на комисиите за надворешна политика

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и претседател на Комисијата за надворешна политика, г. Антонијо Милошоски, ќе учествува на Состанокот на претседатели на комисиите за надворешна политика на земјите од Југоисточна Европа, којшто од 25 до 26 септември 2014 година ќе се одржи во Загреб, Република Хрватска.

Прочитај повеќе
1...121314...16                 
Click