Пратеникот Џеват Адеми на пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ во...

Четврток, 20 јуни 2019 година

Пратеникот Џеват Адеми на пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ во Сараево

На Шестата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), што ќе се одржи на 21 и 22 јуни 2019 година во Сараево, Босна и Херцеговина, ќе учествува Џеват Адеми, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија и член на Делегацијата во ПС на ПСЈИЕ.

Прочитај повеќе

Потпретседателот Мемеди на 14. Парламентарен безбедносен фо...

Четврток, 20 јуни 2019 година

Потпретседателот Мемеди на 14. Парламентарен безбедносен форум во Париз

На покана од Националното собрание на Француската Република, а на иницијатива на француската делегација во ПС на НАТО, на 20 јуни 2019 г. во Париз се одржува 14. Парламентарен безбедносен форум, посветен на борбата против финансирањето на меѓународниот тероризам. 

Прочитај повеќе

Пратеничката Митовска на студиска посета во Љубљана...

Понеделник, 17 јуни 2019 година

Пратеничката Митовска на студиска посета во Љубљана

Делегација од Собранието на Република Северна Македонија ќе присуствува на студиска посета во Љубљана, Република Словенија од 18 до 20 јуни 2019 година. Делегацијата ја претставува членот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г-ѓа Слаѓана Митовска. Студиската посета е во врска со Проектот за поддршка на Јавниот медиумски сервис во Западен Балкан, а во соработка со Словенскиот јавен радиодифузер (RTVSLO).

Прочитај повеќе

Јавна расправа по Предлогот на законот за урбанистичко план...

Петок, 7 јуни 2019 година

Јавна расправа по Предлогот на законот за урбанистичко планирање

Комисијата за транспорт, врски и екологија на 40. седница, на 10 јуни 2019 година, во 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе одржи Јавна расправа по Предлогот на законот за урбанистичко планирање.

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на Пролетната сесија на ПС НАТО...

Петок, 31 мај 2019 година

Собраниска делегација на Пролетната сесија на ПС НАТО

Во рамките на редовните заседанија на ПС на НАТО, на Пролетната сесија што ќе се одржи од 31 мај до 3 јуни 2019 г. во Братислава, Словачката Република, ќе учествува Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од пратеникот Илија Димовски, шеф на Делегацијата и членовите на Делегацијата - Катерина Кузмановска и Весел Мемеди, потпретседател на Собранието. 

Прочитај повеќе

Пратеникот Артан Груби на Регионална конференција за приста...

Среда, 29 мај 2019 година

Пратеникот Артан Груби на Регионална конференција за пристапување на Западен Балкан во ЕУ

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Артан Груби, ќе учествува како говорник на Регионалната конференција на тема: „Пристапување на Западен Балкан во Европската Унија - примена на политички критериуми" од страна на Центарот за демократска транзиција (ЦДТ), поддржана од Парламентот на Република Црна Гора и Амбасадата на Кралството Норвешка во Република Србија од 29 до 31 мај 2019 година, во Подгорица, Црна Гора.

Прочитај повеќе

Пратеничката Лилјана Затуроска на Проект на ЕУ за поддршка ...

Четврток, 23 мај 2019 година

Пратеничката Лилјана Затуроска на Проект на ЕУ за поддршка на медиумите во Сараево

Претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуроска, на 28 мај 2019 година, во Сараево, ќе учествува на Регионален проект финансиран од ЕУ за поддршка на медиумите за јавни услуги во Западен Балкан.

Прочитај повеќе

Учество на пратеникот Китев на Постојаниот комитет во Париз...

Четврток, 23 мај 2019 година

Учество на пратеникот Китев на Постојаниот комитет во Париз

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Бетиан Китев ќе учествува на состанокот на Постојаниот комитет на 24 мај 2019 година во Париз. Во мај, според принципот на ротација, започнува француското претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа кое ќе трае до ноември 2019 година.

Прочитај повеќе

Доделување награда на Интерпартиската парламентарна група з...

Среда, 15 мај 2019 година

Доделување награда на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија, на 17 мај 2019 година, во Сала „Борис Трајковски“ од 11:00 до 13:00 часот, на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата, ќе ѝ биде доделена награда за поддржувач на годината.

Прочитај повеќе

Делегација од Комисијата за транспорт, врски и екологија на...

Петок, 10 мај 2019 година

Делегација од Комисијата за транспорт, врски и екологија на студиска посета во Словенија

Делегација од Собранието на Република Северна Македонија ќе присуствува на студиска посета во Љубљана, Република Словенија, во периодот од 12 до 15 мај 2019 година. Во делегацијата учествуваат претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуроска и членот на Комисијата, Мирослав Јовановиќ. 

Прочитај повеќе
1...678...21                      
Click